3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови
Ако сте како нас, тогаш сигурно зимата ве натерала да пиете позачинети кафиња за да се стоплите за време на студените денови и ноќи. Но не грижете се, не сме единствени! Според науката, сите ние се чувствуваме погладно за време на зимата и однатре нешто нè тера да се снабдиме со повеќе калории. Па, за да ви помогнеме да ги задоволите вашите потреби, ви подготвивме листа од богати, вкусни рецепти за кафиња што се едноставни за правење…
1. Црно кафе со цимет
Ова е најлесниот начин да го зачините вашето утринско кафе, без многу труд.
Потребни состојки:
- Свежо подготвено црно кафе
- Стапче цимет
- Шеќер и шлаг пена, по желба
Начин на подготовка:
Ставете го стапчето цимет во ѓезвето додека го подготвувате кафето. Оставете го да отстои 10-тина минути, со цел да го впие вкусот на циметот. Сипете во омилената шолја, по желба додајте шеќер и шлаг пена и уживајте во богатиот вкус.
2. Макијато со лешници
Ако сакате силно кафе, тогаш ова е најдобриот избор за вас!
Потребни состојки:
- Свежо подготвено еспресо
- Млечна пена
- Сируп од лешници
Начин на подготовка:
На веќе подготвено макијато, додајте една лажица сируп од лешници и добро измешајте. За викендите, слободно искористете и ликер од лешници. Вкусот ќе биде незаборавен!
3. Лате со карамела
Доколку сакате побогат вкус, ве советуваме да го пробате овој рецепт со карамела!
Потребни состојки:
- Свежо подготвено еспресо
- Млечна пена
- Карамела
Начин на подготовка:
Подгответе го еспресото на вообичаениот начин, а потоа сипете една лажица карамела. Препуштете се на благиот вкус што ќе ве загрее однатре!
Дополнителни совети за подготовка:
Топло кафе – ако вашиот кофеински пијалак пребрзо се лади, тогаш слободно однапред загрејте ја шолјата, уште пред да го сипете кафето во неа. Ова е одличен начин да го задржите подолго време топло за да уживате во неговиот вкус до последната голтка.
Млечна пена – ако немате електрична направа за пареа или не знаете како да го користите додатокот за пареа на вашиот кафемат, не грижете се. Еден од најлесните начини да добиете цврста млечна пена е тенџерето. Едноставно сипете го млекото во тенџере и варете на среден оган додека не забележите балончиња. Важно е да го мешате додека се загрева, за да спречите лепење на дното од садот.