Претходно
3 особини кои ги открива за вас кафето кое го пиете
Датум: 22 јул 2015
Коментари: 0
Сите ние сме (потајно) зависни од кафе. Црно или со млеко, благо или горко, во големи или мали количини. Какво и да е, нашиот ден никако не започнува без тоа наше мало, слатко задоволство. Но дали некогаш сте се запрашале дали кафето кое го пиете кажува нешто за вашиот карактер?
Едно неодамнешно истражување направено на околу 1.000 учесници покажало дека сепак постои поврзаност помеѓу карактерните особини на луѓето кои пијат ист тип кафе.
Црно кафе
- Директни и едноставни
- Тивки, но често менуваат расположение
- Минималисти
Еспресо
- Лидери
- Вредни, но често менуваат расположение
- Знаат како да го добијат тоа што го сакаат
Кафе со млеко
- Невротични
- Сакаат да им удоволуваат на луѓето
- Неодлучни
Капучино
- Посесивни и сакаат да контролираат
- Креативни, искрени и мотивирани
- Навистина добри пријатели, но брзо им здосадуваат луѓе без имагинација
Фрапучино
- Сакаат да пробаат сѐ во животот, но често не носат здрави одлуки
- Трендсетери
- Авантуристи и храбри
Инстант кафе
- Радосни и оптимистични
- Опуштени
- Ги одложуваат работите
Кафе со млеко од соја
- Напорни и комплицирани
- Ситничарат и убедени се дека секогаш се во право
- Самобендисани и мислат дека цел свет се врти околу нив
Дали се пронајдовте?