27 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

27 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

Кафето прв пат било претставено во 15-тиот век и до ден денес го задржува својот статус како еден од најпознатите пијалаци ширум светот. Кафето се прави од зрна кои се берат, преработуваат и сушат. Штом ќе се исушат, зрната кафе се печат и мелат и го добиваме добро познатиот пијалак. Низ вековите кафето се претворило во мулти-милијардерска индустрија и е важен дел од нашиот животен стил. Но колку факти всушност знаете за вашиот омилен пијалак? Можеби во продолжение ќе откриете некој нов.

30 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

1. Мачорот што го држи рекордот за најстар мачор на светот, 38-годишниот Крем Паф, секое утро пиел кафе во текот на целиот негов живот.

2. Луѓето што работат на Универзитетот Кембриџ толку добро биле запознаени со наоѓањето празен бокал за кафе, што ја измислиле првата Интернет камера само за да проверуваат дали бокалот е полн.

3. И покрај тоа што кафето е благ диуретик, кога го пиете не губите повеќе течност од она што го внесувате со него, па не може да ве дехидрира.

4. Финска е држава во којашто се консумира најмногу кафе во светот.

5. Зрната кафе всушност ѝ припаѓаат на фамилијата бобинки.

30 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

6. Се верува дека кафето е откриено од козар кој забележал дека неговите кози станувале особено енергични откако јаделе одредени бобинки.

7. Пред кафето да стане достапно за речиси секого, популарен пијалак за појадок било пивото.

8. Капучиното било именувано по калуѓерите Капучин бидејќи бојата на кафето посетувала на бојата на нивните наметки.

9. Најголемиот дел од кафето се произведува во Бразил, односно 40% од целокупното производство во светот.

10. Научниците успешно го претвориле кафето во биогориво, па еден ден можно е да возиме автомобили напојувани на кафе. Секако, ова се прави од остатокот од кафето, па вие би продолжиле и да уживате во неговиот вкус.

30 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

11. Од редовното пиење кафе има здравствени придобивки како намалени ризици од рак, некои видови срцеви заболувања и Алцхајмерова болест.

12. Во 1932-ра година Бразил немал доволно пари да испрати натпреварувачи на Олимписките игри, па тие самите ги заработувале парите продавајќи кафе.

13. Пред луѓето да научат да прават кафе, племињата од источна Африка ги мешале зрната кафе со животинско сало и ги консумирале како храна.

14. Постојат два главни вида кафе – робуста и арабика. Кафето робуста има покисел и посилен вкус, како и повисоко ниво кофеин. Арабика е познато по деликатниот вкус и пониската киселост.

15. Секојдневно, низ целиот свет се консумираат околу 2,25 милијарди шолји кафе.

30 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

16. Кафето останува потопло уште 20% подолго ако му додадете млеко.

17. Кафето е најефективно ако го пиете помеѓу 9:30 и 11:30 часот.

18. Истражувањата покажале дека кафето може да го намали ризикот од депресија.

19. Спротивно на популарното верување, темното и светлото кафе имаат речиси исто количество кофеин.

20. Просечната возраст на шанкер во Италија е 48 години.

30 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

21. Најскапото кафе во светот е кафето познато како „Црна слонова коска“. Може да чини и до 1.000 евра од килограм. Кафето е направено од делумно дигестирани зрна кафе изедени и исфрлени од таи слонови.

22. Во една шолја филтер кафе има повеќе кофеин отколку во една шолја еспресо.

23. Пресметано е дека приближно 80-100 шолји кафе се смртоносната доза за возрасна личност.

24. Безкофеинското кафе не е целосно без кофеин. Процесот на отстранување на кофеинот обично отстранува од 94% до 98%.

25. Самиот мирис на кафе може да ве разбуди наутро.

30 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае

26. Северна Кореја го држи рекордот за најголемото ладно кафе. Во шолјата имало 14.228 литри ладно кафе американо.

27. Зборот „кафе“ потекнува од арапскиот збор „qahwah“ кој се однесува на вид вино.

Прочитајте нешто повеќе за предностите и недостатоците од пиењето кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар