20 неверојатни факти за кафето
На многумина од нас, кафето ни е секојдневна рутина, но има и луѓе на кои им е и повеќе од тоа. Некои луѓе се вљубеници во кафето. Ако сте и вие еден од нив, веројатно не ви е доволно само да го пиете – вие сакате да знаете што повеќе за вашата омилена напивка без која не можете да поминете ниту еден ден.
1. За време на турските свадбени церемонии, младоженците морале да дадат завет дека секогаш ќе ѝ овозможуваат кафе на својата невеста, а доколку не успеат, тоа можело да резултира со развод.
2. Бетовен бил толку жесток пијач на кафе, што броел 60 зрна пред да си подготви шолја со својата омилена напивка.
3. Бостонската чајанка резултирала Американците да се префрлат од чај на кафе во знак на слободата.
4. Кафето не нè буди само нас луѓето. Овој ефект го чувствуваат и пчелите кога пијат кафе и тоа им помага за нивното долготрајно помнење. Како тие поинаку би знаеле постојано да се враќаат до едно исто растение? 🙂
5. Користете смеса од мелено кафе и вода како ексфолијант за вашата кожа. Нанесувајте двапати неделно, потоа измивајте се и забележете го сјајот на вашето лице.
6. Францускиот новелист и писател на драми Оноре де Балзак, наводно конзумирал по 50 шолји кафе на ден за да ја одржува инспирацијата додека пишувал. Смртоносната доза е 100 кафиња на ден.
7. Во 1674 година имало голем бунт против кафето. Женската петиција против кафето ги уверувала масите дека кафето ги претвора британските мажи во „бескорисни лешови“, после што тоа било забрането за оние под 60 години.
8. Во 1511 година, кафето било забрането во Мека заради превенција од слободно размислување и собирање на луѓето заради дружба.
9. Најскапото кафе Kopi Luwak е направено од зрна кафе кои ги јаде и потоа ги лачи Суматранската дива мачка. Во еден момент, тоа достигнало цена од над 300 долари за фунта (~1/2 кг.)
10. За време на Втората светска војна, американските војници го нарачувале еспресото разредено со вода бидејќи им било премногу јако.
11. Англискиот термин „cup of Joe“ (шолја радост) потекнува од Американски војници кои биле големи уживатели во кафето.
12. Кафето било прогласено за нелегално, и тоа не еднаш, не двапати, туку неверојатни 3 пати од три различни култури. Првиот пат во Мека во 1511, после што следел Чарлс II во Европа во обид да го потисне тековниот бунт и последниот пат од страна на Фредерик Велики во Германија во 1677 кој бил загрижен за економските последици кои би ги трпела земјата кога би се купувала оваа напивка.
13. Постојат најави дека кафето ќе може да се користи како гориво за автомобилите. Не сега, но можеби некој ден во иднината. Можете да си замислите да полните кафе во вашиот автомобил?
14. Во 1906 година, еден Белгиец кој живеел во Гватемала и се викал Џорџ Вашингтон, го пронашол инстант кафето. Не се работи за американскиот претседател кој го носи истото име.
15. Во античката арапска култура, жената можела да се разведе од нејзиниот сопруг само ако тој не го сакал доволно кафето. Зарем тоа не е екстремна љубов кон кафето? 🙂
16. Зборот кафе потекнува од Арапскиот јазик, каде се нарекувало „qahhwat al-bun“, што потоа било скратено на „qahwa“. Турците го презеле како „kahve“, Холанѓаните го направиле „koffie“. Дури потоа бил преведен на англиски како „coffee“.
17. Во 17-от век имало голема дебата околу тоа дали католиците смеат да пијат кафе. Им било дозволено откако Папата Климент VII рекол дека е во ред да пијат.
18. Ние сега пиеме кафе за појадок, но во 17-от век, луѓето пиеле пиво додека појадувале.
19. Теди Рузвелт, 26-от американски претседател, пиел по 1 галон (3,8 литри) кафе секој ден.
20. Кафето било толку дефицитарно во Германија за време на Втората светска војна, што од авионите се фрлале „бомби од кафе“ само за да се сврти народот против владата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.