20 креативни шолји за кафе
Шолјите за кафе веќе не се само керамички садови кои служат за сервирање на нашиот омилен напиток. Тие претставуваат предмети со кои емотивно се поврзуваме и не сакаме да ги делиме со останатите во семејството или со колегите на работното место.
Сентименталната вредност на шолјите не е единствената причина поради која се врзуваме за нив. Тие се појавуваат во толку креативни и уникатни форми, што лесно може да имаме дури и по неколку омилени, кои обожаваме да ги користиме. Кафето во омилената шолја има поинаков вкус и предизвикува поинакво чувство… Нели?!
Еве неколку шолји за поголемо уживање во кафето, кои не се наменети за делење со други:
.
1. Шолја On/Off
Шолјата „On/Off“ делува сосема обично кога е празна или кога во неа ставате ладна течност – црна шолја на која пишува Off (исклучено). Додајте топло млеко или некоја друга течност и забележете ја промената. Бојата се менува, постепено преминувајќи во бела, додека зборот „Off“ се заменува со „On“. Ова симболизира статус: во употреба.
.
2. Шолја-муцка
На прв поглед, и оваа шолја изгледа сосема нормално. Но, бидете подготвени таа да се пошегува со вас штом ја подигнете за да се напиете. Поинтересно е ако сте во друштво и ако имате цел сет од овие.
.
3. Леќа од фотоапарат
Оваа шолја ќе ве збунува секогаш кога ќе ја земете в рака, прашувајќи се дали посегате по вашиот фотообјектив или по омилениот сад за вашиот омилен пијалак. Потсетете се на моделите и цените.
.
4. Шолја од зрна кафе
Шолја која е целосно направена од зрна кафе…
.
5. Ковчег за вреќичка од чај
Ова е посоодветна шолја за љубителите на чај, кои можат да го „погребат“ употребеното вреќиче под неа.
.
6. Шолја за одгледување трева
Овие шолји на дното имаат тревна површина.
.
7. Шолја за кортадо
Кортадо е еспресо со мала количина жешко млеко која го разблажува неговиот остар вкус. Оваа шолја им помага на сопствениците во погодување на вистинските пропорции при подготовка на овој напиток.
.
8. Шолја која ве гледа
Испијте го кафето и ќе добиете еден морничав поглед, и тоа со едно око.
.
9. Шолја со лице
Одлична шолја за оние кои со кафето сакаат бисквити или други колачи.
.
10. Шолји-трендсетерки
Овие шолји за кафе од израелскиот дизајнер Yael Kristal ви овозможуваат да бидете во чекор со модните трендови.
.
11. Шолја-пегла
Практично решение за оние кои сакаат набрзина да испеглаат некое делче од својата кошула додека чекаат да се подистине штотуку свареното кафе.
.
12. Шолја на заклучување
Само сопственикот на оваа шолја го има вистинскиот клуч за да ја затвори дупката пред да си го подготви своето кафе. Епа нека проба некој да ја позајми вашата шолја.
.
13. Шолја со мустаќи
Маскирајте се со помош на вашата омилена шолја за кафе која ќе ви постави мустаќи секогаш кога ќе ја подигнете за да земете голтка. Изберете модел на мустаќи кои најмногу ќе ви прилегаат.
.
14. Шолја-пиктограм
„Пикто кафе“е е сет од шолја за кафе и бокал за варење и чување на свареното кафе, чии форми ги следат истите линии симболизирајќи ја нивната поврзаност.
.
15. Витки шолји
Овие шолји се дизајнирани во рамките на проектот „Комбинација на традицијата со технологијата“ за кои нивниот дизајнер вели дека се инспирирани од начинот на кој нештата стануваат потенки со напредокот на технологијата.
.
16. Смајли-шолји
Убаво е да го започнете денот насмеани. Овие шолји со смајли симболи се одличен начин за да го постигнете тоа.
.
17. Шолја со заби
Оваа шолја е одличен пример за лична употреба на вашиот омилен предмет во кујната, осигурувајќи се дека никој нема да ви ја украде. Пијте од мазната страна за да уживате, но пред да ја ставите за миење, пивнете еднаш и од другата страна за да дозволите да протече малку низ забите. Верувајте дека оваа шолја, како ќе ја оставите во мијалникот, така и ќе си на најдете. 🙂
.
18. Шолји што се движат
Овој дизајн им дава моќ на шолјите кои треба да имаат право да одлучат дали сакаат да останат или да си заминат од местото каде што се користат за сервирање кафе.
.
19. Шолја со патент
Елегантно дизајнирана шолја со имитација на патент за практично држење на ќесичките за чај.
.
20. Шолја со нулта гравитација
Кога е полна шолјата со кафе, може да се стои вертикално, односно нормално на тацната. Кога не се користи пак, може да се навали косо, како да е во бестежинска состојба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дали некој од овие шолји кај нас ???
Ги сакаааам! Сите! Ама таа со лице каде што има место за бисквитчиња и витките шолји ми се фаворит. Ах, зошто кај нас нема вакви работи?!
Еве ја таа http://www.uncommongoods.com/product/face-mug