15 различни и уникатни начини на кои луѓето ширум светот го пијат своето кафе

15 различни и уникатни начини на кои луѓето ширум светот го пијат своето кафе

Ритуалот на пиење кафе во целиот свет се поврзува со релаксација или мир проследен со пријателски разговор. И се пие секаде, практично во целиот свет. Меѓутоа, подготовката на кафето, состојките, како и начинот на консумација, е нешто потполно поразлично и варира од држава во држава.

1-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

1. Финска

Кафеост се подготвува на следниов начин: Врелото кафе се истура преку коцки сирење! Иако за нас ова не изгледа вкусно, Финците ја обожаваат оваа чудна комбинација.

2-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

2. Турција

Турското кафе нам ни е доста познато, но за разлика од останатиот свет, Турците го подготвуваат во специфично метално ѓезве за кое сметаат дека му дава посебен вкус на кафето. Иако и за нас ова е вообичаен начин на варење и пиење кафе, за остатокот од светот е поприлично непознат и изненадувачки, бидејќи талогот останува во шолјата. Всушност, остатокот од Европа пие исклучиво филтрирано кафе.

3-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

3. Малезија

Кафето во Малезија се нарекува јуанјанг и всушност е само еден дел кафе, а другиот дел е мешавина од црн чај и млеко. Исто така, тоа може да се служи и топло и ладно, а сè зависи од вашето расположение.

4-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

4. Австралија

Најпопуларното кафе на овој оддалечен континент е она под името „flat white“ (рамно бело), што би било некој вид на популарното лате, можеби и уште послично со капучиното кое се служи кај нас. Во шолјата се сипа една доза еспресо, а потоа до врвот се прелива со густа млечна пена.

5-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

5. Грција

Фрапето, што всушност го патентирала компанијата Нескафе уште во далечната 1957 година, е доста популарен летен пијалак во Грција. Се состои од ладно инстант кафе кое се сипа во чаша која е до половина полна со ладна млечна пена.

6-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

6. Италија

Иако на поголемиот дел од нас веќе ни е познат начинот на пиење кафе, т.е. еспресото во Италија, кое се консумира во една или две голтки, сепак многумина не знаат дека ова еспресо се служи со парче лимон. Откако ќе го испиете, послужете се со лимонот, кој како што сметаат Италијанците, после горкиот вкус на кафето, остава сладок вкус на усните. Овој вид кафе се нарекува еспресо романо.

7-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

7. Виетнам

Нивното традиционално кафе е познато како доста слатко и исклучиво јако. Во шолјата или чашата се сипа кондензирано млеко и мраз, се става филтер, а потоа се сипа претходно подготвеното кафе со шеќер.

8-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите уникатни начини на кои луѓето го пијат своето омилено кафе…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар