12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување - Part 2

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

7. Кафе со алкохол

Можеби ова не е најсоодветната состојка којашто планирате да ја додадете во вашето утринско кафе, но сепак е многу популарен трик ширум светот. Некои луѓе обожаваат да пијат Руско кафе со вотка, додека други уживаат во Ирското кафе, во коешто се додава Џејмисон виски и шлаг.

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

8. Кафе со кокосово масло

Доколку додадете лажичка кокосово масло тоа ќе му даде убава густина и текстура на вашето кафе, а и ќе ве одржи сити некое време, за разлика од регуларното кафе.

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

9. Кафе со лимон или лимета

Слично како што е додавањето сол во кафето, така и кората од лимон или лимета во кафето, ја неутрализира неговата горчина и ја зголемува блажината. Покрај тоа, ќе му даде и цитрусен шмек на вашиот кофеински пијалак, па ако планирате да му додадете млеко и шеќер, подобро е прво да го пробате без никакви дополнителни додатоци и да процените.

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

10. Кафе со кондензирано млеко

И покрај тоа што кај нас не е многу популарно, кондензираното млеко многу се користи во други држави, особено во Југоисточна Азија. Тоа е многу погусто, покремасто и поблаго од обичното млеко, па затоа ако додадете само една лажичка кондензирано млеко во вашето кафе, тоа ќе добие сосема нов, прекрасен вкус. Додавањето кондензирано млеко во кафе, е најпопуларно во Виетнам.

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

11. Кафе со Тоник

Пиењето ледено кафе со тоник е популарно во Шведска и истото е многу освежувачко и идеално за во летниот период од годината. Ако сакате да пробате нов и интересен вкус, дефинитивно треба да си подготвите еден ваков пијалак, кој претставува идеална комбинација од сок и кафе.

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

12. Кафе со Кока-кола

Доколку сакате четворократно да го зголемите количеството на кофеин во вашето кафе, тоа можете да го постигнете со овој интересен рецепт. Помешајте 200 мл Кока-кола со една доза кафе и доживејте фантастично меуресто искуство. Газираниот сок ќе го направи вашето кафе благо, но за да не го разредите премногу, најдобро е да употребите темно или средно печено кафе.

12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

Може ќе ве интересираат и овие 8 вкусни начини како да го направите вашето кафе поздраво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар