10 начини на кои кафето влијае на вашиот организам

10 начини на кои кафето влијае на вашиот организам

Што може да му направи на организмот вашиот омилен напиток и кога треба да го пиете, а кога да го одбегнувате?

11 начини на кои кафето влијае на вашиот организам

1. Фигура. Кафињата со разни додатоци содржат многу калории и додаваат сантиметри на вашата фигура. Затоа изберете црно кафе без шеќер за минимален внес на калории.

2. Срце. Кафето го зголемува бројот на отчукувањата на срцето. Тоа нема да ве разболи, но ако веќе имате висок крвен притисок избегнувајте да пиете кафе затоа што тогаш е многу штетно. Но, затоа ќе ви биде од корист кога ви фали енергија.

3. Црева. Кафето ја стимулира работата на цревата и затоа може да ве натера да одите во тоалет. Но, тоа значи и дека храната која ја консумирате заедно со кафето има помалку време да се апсорбира во нив. Затоа избегнувајте го кафето во комбинација со храната, особено онаа богата со железо затоа што тоа и онака бавно се апсорбира.

4. Коски. Кофеинот ја попречува и апсорпцијата на калциумот, па затоа ако претерате со него може да дојде до слабеење на коските.

5. Заби. Кафето не влијае негативно на забите, но ако претерувате со пет до шест шолји дневно, тогаш може и малку да ги потемни. Тоа сепак се решава лесно со паста за избелување на забите за кратко време.

6. Здив. Кафето дехидрира, па поради тоа оние кои многу го пијат имаат сува уста, а тоа води до лош здив. Затоа се препорачува да се пие повеќе вода со него.

7. Мозок. Умерена количина кафе секој ден го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и деменција и до 20%.

8. Бубрези. Кафето ги стимулира бубрезите да работат повеќе и да исфрлаат повеќе течности од телото, но консумирањето кафе во големи количини може да го зголеми ризикот од бубрежни болести.

9. Кожа. Иако дехидрира, кофеинот не ја суши кожата, па дури и го намалува ризикот од рак на кожата.

10. Мускули. Само една шолја кафе им помага на спортистите да издржат за 30% подолг тренинг отколку без него. Тоа ја зголемува енергијата и ја одржува будноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар