Значењето на 9 филмови коe малкумина го сфатиле

Значењето на 9 филмови коe малкумина го сфатиле

Постојат некои филмови кои откако ќе ги изгледате потребно ви е да истражувате за навистина да ги разберете. Овие филмови обично бараат многу размислување од ваша страна. Во продолжение погледнете неколку вакви филмови чие значење можеби не сте го сфатиле веднаш.

1. Мајка! (Mother!)

(1)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Покрај многуте метафори кои можете да ги најдете во овој филм, тој е симболично прераскажување на Библијата. Ликот на Хавиер Бардем е Бог, Џенифер Лоренс е Марија, мајката на Исус. Куќата е универзумот со рајот (канцеларијата на главниот лик) и пеколот (подрумот). Во филмот можете да ги забележите и Адам и Ева кои јадат од забранетото овошје, нивните синови и многу од настаните кои се опишани во Библијата. На крајот на филмот, режисерот ја прашува публиката: Човештво, уште колку долго може да издржи Мајка Природа?

2. Пристигнување (Arrival)

(2)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Најголемиот трик на филмот е тоа што нè тера да веруваме дека настаните се одвиваат по смртта на Хана, ќерката на главниот лик. Но, не е така. Откако ќе го разбере јазикот на вонземјаните и ќе сфати дека тој е нелинеарен, Луис почнува да го перципира времето на различен начин и ја дознава својата иднина. Таа ја прифаќа својата судбина, се венчава со Иан и ја раѓа нивната ќерка.

3. Господин Никој (Mr. Nobody)

(3)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Секој ја сфаќа филозофската порака на филмот на свој начин, но филмот се обидува да каже едно нешто: Изборот на личноста треба да доаѓа од срцето. Изборот не треба да биде поради притисокот од опкружувањето и луѓето. Немо, кој ги знае сите можни варијанти на неговиот живот, не ги одбира 2-те кои му се понудени од родителите, туку добива нова, 3-та варијанта која е само негова. Токму оваа одлука му носи среќа на Немо и му помага да ја запознае Ана.

4. Ноќни животни (Nocturnal Animals)

(4)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Романот кој Едвард ѝ го праќа на Сузан е всушност неговата одмазда. За него загубата на неговата сопруга и нероденото дете е споредлива со загубата на главниот лик од романот. Тој ја споредува Сузан со криминалците од неговиот роман. Се разбира, Едвард немал намера да се сретне со Сузан. Сè што сакал да направи е да ја натера да зажали за својот избор и да ја повреди. Таа ја сфаќа неговата цел и можеби ќе почне да биде искрена кон себе.

5. Мементо (Memento)

(5)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Овој филм раскажува приказна за законот за одмазда: Око за око, заб за заб. Трагедијата на Ленард е помирувањето со Семи Џенкис. Главниот лик мисли дека одмаздата ќе го ослободи од болката која настанала како резултат на смртта на неговата жена. Но тој се лаже и неговото страдање станува уште полошо. Но што да прави Ленард кога речиси „нема време“? Во последните сцени од филмот го гледаме како ја држи мртвата сопруга во неговите раце, а на неговите гради има истетовирано „Јас го направив тоа“. Овде станува јасно дека ќе се справи со ситуацијата.

6. Само љубовниците опстануваат (Only Lovers Left Alive)

(6)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Во овој филм има неколку скриени значења. Главните ликови не се само интелектуалци, туку тие се и бесмртни. Оваа комбинација може да му стане здодевна на секого. Па, режисерот го поставува прашањето: Дали можеби среќата е во квалитетот, а не квантитетот? Само љубовта која ја имаат еден кон друг и љубовта кон животот може да ги одржи главните ликови во живот. Само овие чувства можат да ги спасат ликовите во вечноста.

7. Дони Дарко (Donnie Darko)

(7)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Овој филм е од оние кои секој си ги сфаќа на свој начин, но постои едно „толкување“ кое ги надминува сите. Ова е приказна за тинејџер кој се бори со силите кои го водат кон неговата смрт. Главниот лик не сака и не може да ја прифати својата немоќ и како резултат на тоа ја прифаќа неговата смрт како жртва за спасението на светот.

8. Уривање (Demolition)

(8)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Несреќите се можеби движечката сила на животот и на овој филм. Смртта на сопругата на главниот лик е несреќа. Разбирањето на Дејвид за неговата нечувствителност е несреќа. Несреќа го „рестартира“ неговиот живот и го носи до Керен. Нема сценарио во животот освен она кое го создаваме самите. А главниот лик помислува на ова дури кога детално го анализира својот живот.

9. Евтини приказни (Pulp Fiction) и Убиј го Бил (Kill Bill)

(9)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mk

Дали се сеќавате на сцената од Евтини приказни кога Миа му кажува на Винсент дека била во некоја серија? Според сценариото, имало 5 женски агенти – русокоса командантка, Јапонка која е кунг фу мастер, Афро-американка, Французинка и ликот на Миа (најсмртоносната жена со нож во рацете). Ликовите од серијата во Евтини приказни се премногу слични на оние од Убиј го Бил, а невестата всушност е Миа. Можеби на крајот би требало да напишат дека актерката е Миа Волас, а не Ума Турман.

Погледнете ги и овие филмови чие значење веројатно не сте го сфатиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар