Жената во црно (The Woman in Black)

Жената во црно (The Woman in Black)

Филм за жената која му се одмаздува на целиот свет поради големата загуба која ја претрпела…

Жената во црно (The Woman in Black)Режија: Џејмс Воткинс

Улоги: Даниел Редклиф, Џенет МекТир, Киаран Хајндс, Лиз Вајт

Времетраење: 95 минути

Јазик: англиски

Премиера: 3 февруари 2012

Жанр: хорор, трилер, мистерија, драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (31 гласа, просек: 9,26 од 10)
Loading...


Ако ви кажат дека ова е хорор филм во кој главниот лик треба да надитри дух кој што опседнал една стара куќа, веднаш ќе помислите дека веќе сте виделе сè што има тој да ви понуди. Сепак, по неколку години ова е првиот холивудски производ кој може да ви втера страв во коски, да ве полазат морници по телото и да направи срцето да ви бие како да сте виделе дух…

Даниел Редклиф го глуми главниот лик, адвокат кој од својот шеф ќе добие задача да ги среди документите за продажба на една куќа во која веќе не живее никој. Тој ќе мора да влезе во неа, незнаејќи дека е опседната од жената во црно. Нејзе ù било одземено единственото дете од страна на сестра ù, кое потоа починало како резултат на недоволна грижа. Тогаш таа за заколнала дека никогаш нема да им го прости тоа. Ќе тргне во одмазда во која ќе го истури сиот свој гнев со силна решителност, предизвикана од нереализираниот мајчински инстинкт и болката поради загубеното дете.



Приказна: Артур Кипс (Даниел Редклиф) е адвокат, вдовец и татко на четиригодишниот Џозеф. Работата не му оди баш најдобро кога од својот шеф ќе добие задача да оди во едно мало гратче, за да ја среди документацијата за продажбата на една стара голема куќа во која веќе не живее никој. Тој не сака да го напушти синот на неколку дена, но шефот ќе му даде до знаење дека ако не ја заврши оваа обврска тоа ќе значи губење на работното место.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Кога Артур ќе пристигне во малото неименувано гратче нема да биде топло пречекан. Ќе има проблем да најде сместување, но за среќа ќе ги сретне Семјуел Дејли (Киаран Хајндс) и неговата сопруга Елизабет (Џенет МекТир) кои ќе го примат во својот дом. Потоа ќе оди да се сретне со својот колега г-дин Џером, но од него нема да добие помош. Тој ќе се обиде веднаш да го прати назад во Лондон со неколку документи, но Артур ќе се спротистави затоа што знае дека во куќата има уште многу од нив кои треба да ги разгледа.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Тој ќе отиде во куќата, ќе ги најде документите, но нема да може да ги разгледа на мира. Од целата куќа се слушаат разни звуци, шумови, чекорење… и најпосле се појавува и една жена во црно која по кратко време исчезнува. Артур се сомнева дека има некој во куќата и ќе оди во полиција за да пријави. Таму ќе пристигнат три деца барајќи помош за едно од нив, кое испило нешто од кое ќе умре во неговите раце.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Веќе следниот ден Артур ќе се врати во куќата за да ја доврпи работата за која е дојден, иако месното население му се спротиставува по вчерашниот настан. Таму, во големиот куп од хартија ќе налета и на писмата од Алис Драблоу, неодамна починатата сопственичка на куќата која се продава, и нејзината ментално болна сестра Џенет Хемфри. Од тој момент работите почнуваат да се отплеткуваат.Жената во црно (The Woman in Black)Кинематографија: Дејствието е сместено во едвардијанската ера, а кадрите се поделени помеѓу опседнатата куќа и малото заспано гратче. Сцените се темни и целосно ги доловуваат самотијата која владее во куќата, како и амбиентот во гратчето каде што во фокусот се ставени неколку семејства кои изгубиле дете.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Звучни ефекти: Звучните ефекти се брилијантни. Играат значајна улога во пренесувањето на атмосферата од филмот. Веројатно тие се најзаслужни што ќе ве полазат морници по телото кога ќе ги слушнете мистериозните чекори и непредвидливите шумови.Кога и како да го гледате: Ако сте фан на жанрот хорор, гледајте го филмот сами навечер, во сосема темна просторија и со слушалки на ушите. Така ќе се почувствувате како да сте во опседнатата куќа од филмот.

Ако, пак, тешко ги поднесувате страшните филмски сцени, најпрепорачливо е филмот да го гледате во друштво.Жената во црно (The Woman in Black)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Peperutka Reply

    Interesna tematika i dejstvie iako malku nalikuva na monolog koj si go vodi samiot Redklif, vredi da se pogledne iako ima i podobri horori od ovoj 🙂

Остави коментар