Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Понекогаш дури и совршените серии имаат карактери кои го нарушуваат беспрекорниот тек на една епизода. Чудно, но причините не се оние кои први би ви паднале на памет, дека актерите не ги носат како што треба нивните улоги пред малите екрани. Напротив, некои од овие глумци се познати ТВ ветерани кои имаат многу искуство и награди зад себе.

Овие карактери сме ги сакале на почетокот, но сценаристите некаде погрешиле и почнале да ги носат во погрешна насока.

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Сју Силвестер - „Гли“ (Glee)

Сју беше носител на сцените во кои се појавуваше, за да постепено премине во нивни уништувач. Нејзиниот лик сè повеќе станува апсурден, како да е извадена од цртан филм. Обидувајќи се секогаш да ги надмине своите претходни подвизи, нејзината улога стана тешка за одржување и пренападна за серијата. Ова не значи дека секоја сцена во која таа се појавува е катастрофа, туку дека балансот е нарушен и тоа се одразува на целокупниот впечаток од серијата Гли.

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Пирс Хаторн - „Заедница“ (Community)

Останатите карактери од „Заедница“ совршено се вклопуваат помеѓу себе, но Пирс понекогаш дури може и да заборавиме дека е дел од групата за учење. Се чини како овој лик веќе воопшто да не и е потребен на серијата. Другите карактери во серијата не го сакаат, па зошто би го сакале гледачите. Сцените со Пирс често не се смешни, па дури и одат на нерви.

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Грејс и Зек Флорик - „Добрата сопруга“ (The Good Wife)

Ништо не го упропастува дејството во серијата како што тоа го предизвикуваат децата на Алиша и Питер. Навистина, нејзината улога како мајка е многу важна и е причина зошто гледачите ја сакаат. Но, кога децата се сами и се соочуваат со разни тинејџерски ситуации, тоа сериозно го нарушува текот на епизодата.

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Латс, Пит, Туфер, Френк - „Рокфелер Плаза 30“ (30 Rock)

Персоналот кој е задолжен за пишување на серијата (Латс, Пит, Туфер, Френк и други) си доделува улоги за себе почесто одошто е потребно. Многу иритира кога уживајќи во некоја сцена со Лиз Лемон наеднаш ќе ве нападнат со некоја бесмислена сплетка. Тие се ОК како ликови во позадина, но нивните самостојни сцени целосно го попречуваат текот на епизодите.

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Ен Перкинс - „Паркови и рекреација“ (Parks & Recreation)

Сирота Ен. Кога овој лик се дружи со Лесли и двете заедно уживаат во нивното дружење, таа е супер. Но, кога гледачот е присилен да ја поднесува Ен во однос на Енди или Крис, тогаш работите не се баш супер. Нејзиниот карактер сосема добро се вклопува додека е во близина на Лесли или додека Ејприл и го згорчува животот, но кога сценаристите ја поттикнуваат на романтични подвизи, тогаш работите стануваат здодевни.

Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

Џоел и Џулија - „Родители“ (Parenthood)

Надвор од целиот „клан“ Брејверманови, Џоел и Џулија се веројатно најздодевната двојка. Гледачите немаат што да извлечат од нив, а треба да имаат со оглед на тоа дека тие се чуден спој. Нивните проблеми не е интересни во однос на сочните драми кои ги приредува остатокот од семејството.

Што велите вие? Дали се согласувате со листава и би додале ли вие некој лик од ТВ сериите во неа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Димитар Reply

    Ештон Кетчер како Валден во Два и пол Мажи.. Едноставно, не му е таму местото. Подобро беше сами да останеа Ален и Џејк.

  2. Waldorf Reply

    Ја обожавам серијата Gossip Girl, но за жал во петта сезона целосно го уништија ликот на Blair. Навистина би било добро сценаристите да се навратат на ликот на Blair каков што беше од прва до трета сезона.

  3. МА Reply

    Ejmi vo The big bang, odvratna gdrosija bez smisla za humor!
    Edinstveno neshot shto necini.
    Drugoto e poveke od perfektno:)

  4. Име Reply

    Jenny – Gossip Girl
    se soglasuvam so Waldorf, vo pettata sezona Blair e zaedno so Dan OMG
    XOXO

Остави коментар