ТВ серија: Водичот за преживување во животот на Купер Барет (Cooper Barrett’s Guide to Surviving Life)
Купер и неговите пријатели прават грешки за да не морате вие
Главни улоги: Џек Катмор-Скот, Меган Рет, Џејмс Ерл
Жанр: комедија
Креатор: Џеј Лакопо
Премиера: 3 јануари 2016
Број на сезони: 1
Времетраење: 30 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка:
Ова е една од оние ТВ серии кои можете и цел ден да ги гледате без воопшто да се изморите. Таа е лесна, интересна, забавна и најважно од сè, на еден урнебесен начин и поучна. Приказната се врти околу животот на Купер Барет (Џек Катмор-Скот), неговите двајца најдобри пријатели, убавата сосетка која му се допаѓа и неговиот брат со сопругата. Иако поголемиот дел од времето ќе се смеете, сепак некаде помеѓу шегите и досетките ќе дојдете до интересни заклучоци за животот, особено ако се наоѓате во вашите 20-ти години и неодамна сте дипломирале.
Купер се обидува да се пробие во својот живот, така што почнува бизнис заедно со неговите најдобри пријатели. Но, нештата не се одвиваат толку брзо колку што тие мислеле. И покрај тоа се целосно фокусирани на нивната идеја, сепак некаде по патот непланирано налетуваат на многу неволји, препреки и други видови проблеми. И не само на професионалното поле. Купер ни составува водич за преживување во сите полиња на животот, од професионалниот и приватниот, па сè до оние ситуации каде што станува збор за живот или смрт. На кратко, тој поминува низ проблемите и извлекува лекции од нив со цел да не мора вие да го правите тоа…