ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

ТВ серија за еден екипаж кој ќе се разбуди на вселенски брод без никакво помнење

(1) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)Главни улоги: Марк Бендејвид, Мелиса Оунил, Антони Лемки, Алекс Малари Џуниор, Џоудел Ферланд, Роџер Р. Крос, Зои Палмер

Жанр: драма, научна фантастика, трилер

Креатори: Џозеф Малози, Пол Мулие

Премиера: 12 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 9,67 од 10)
Loading...

Постојат 2 огромни причини зошто треба веднаш да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија. Најпрво, таа доаѓа од креаторите на ТВ серијата „Ѕвездена порта“, а како второ таа е базирана според стрип од истите автори. Според досегашното искуство, можеме слободно да кажеме дека ќе станува збор за добра приказна која целосно ќе го освои нашето внимание и која има потенцијал да се развие во нешто многу поголемо.

(2) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

Приказната започнува со будењето на екипажот на еден вселенски брод поради знаци за неволја. Но, ниту еден од нив не знае кој е, ниту пак што бара на овој брод. За да можат полесно да се распознаваат, тие ќе се именуваат со броеви од 1 до 6, според редоследот на будење. За среќа, нивната мускулна меморија сè уште постои, па токму затоа тие брзо ќе почнат да сфаќаат која функција ја имале на бродот пред да го изгубат сеќавањето.

(3) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

За работите да бидат поинтересни, нивниот тим ќе открие уште еден член на екипажот, андроид, кој исто така има избришана меморија. Овој андроид е нивната директна врска со бродот, кој чекор по чекор, полека ќе им помогне да дознаат кои се всушност тие и како се нашле во оваа застрашувачка ситуација. Секое ново открие ќе води кон нова низа прашања за она што им се случува, отворајќи една голема мистерија која ќе ви ја активира фантазијата и ќе ве натера на размислување и формирање голем број теорија.

(4) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

Токму затоа ако сте расположени за одлична научно фантастична приказна, со добар избор на актери и уникатна приказна, тогаш дефинитивно треба да почнете да ја гледате „Темна материја“. Бидејќи станува збор за летна серија, досега има само една епизода која излезе претходната недела. Па, ако почнете да ја гледате, сигурни сме дека таа ќе ви биде одличен начин на опуштање за време на најтоплите летни денови…

(5) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар