ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)

ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)

Дали тој е навистина убиецот или не?

(1) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)Главни улоги: Рајан Филип, Џулиет Луис, Кади Стрикланд

Жанр: криминал, драма

Креатор: Барби Клајгман

Премиера: 8 март 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8,86 од 10)
Loading...

Станува збор за ТВ серија во која убиството на едно младо момче ќе донесе проблеми на семејство кое веќе има потешкотии, но исто така и ќе претвори идилично општество во сомнителна толпа. Соседите ќе се свртат едни кон други, барајќи некој да плати за животот на младото момче, без притоа да ги интересира дали тоа е навистина виновникот или не. Животот во оваа приградска населба ќе биде дополнително отежнат и од студената немилосрдност на една опсесивна детективка.

(2) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies) (3) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)

Сопругот и татко, Бен Крафорд (Рајан Филип), ќе го открие телото на младо момче додека џогира и тоа ќе биде една од причините зошто тој ќе стане примарниот осомничен. Бидејќи ќе почувствува дека сите се вртат против него, тој нема да има друг избор освен сам да спроведе истрага со цел да го најде вистинскиот убиец. Целата оваа ситуација влијае негативно врз неговиот брак, деца, репутација, но најмногу од сè и врз неговиот ум.

(4) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies) (5) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)

Не можеме да кажеме дека станува збор за оригинална приказна која никогаш досега не била видена, но тоа не значи дека нема детали кои ја прават вредна за гледање. Токму затоа доколку сте расположени за малку мистерија, опколена со многу лаги и тајни, оваа ТВ серија би можела да биде добар начин на кој ќе го поминете вашето слободно време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар