ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn)

ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn)

Анимиран варварин се обидува одново да се поврзе со својот неанимиран син тинејџер во реалниот свет

(1) ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn)Главни улоги: Џејсон Судејкис, Шерил Хајнс, Џони Пембертон, Тим Медоус

Жанр: анимација, комедија

Креатори: Рид Агнју и Илај Џорн

Премиера: 11 септември 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 20 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 6,33 од 10)
Loading...

Ако сте расположени за кратки, 20-минутни епизоди исполнети со многу хумор и забава, тогаш оваа ТВ серија без сомнение е совршена за вас. Станува збор за комбинација од анимација и реалност, каде што еден цртан варварин го напушта своето село за време на војна, за да се поврзе со својот неанимиран син тинејџер, Алан (Џони Пембертон), што живее во предградие. Зорн (Џејсон Судејкис) воопшто не разбира како функционира денешниот цивилизиран свет, па затоа и доаѓа до конфликт во односот со неговиот син, како и неговата бивша сопруга, Иди (Шерил Хајнс) која во моментов е во врска со друг човек, резултирајќи со урнебесни сцени и недоразбирања.

(2) ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn) (3) ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn)

Зорн решава да остане во предградието, и на момент да заборави на војната што го уништува неговото село, за одново да се поврзе со својот син. Тој наоѓа стан, работа и конечно облекува кошула! Сепак ќе биде потребно многу време и труд за да му докаже на својот син дека навистина му значи и да го поправи нивниот ладен однос. Сигурни сме додека тоа се случува, ќе има многу ситуации што ќе нè насмеат и расположат, особено во оние моменти кога Зорн ќе треба да се адаптира на денешниот модерен начин на живот.

(4) ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn) (5) ТВ серија: Синот на Зорн (Son of Zorn)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар