ТВ серија: Ши-Ра и Принцезата на моќта (She-Ra and the Princess of Power)

ТВ серија: Ши-Ра и Принцезата на моќта (She-Ra and the Princess of Power)

Познатиот женски воин Ши-Ра повторно се враќа на малите екрани, но овој пат, во малку поинаква форма

Главни улоги: Ејми Кареро, Карен Фукура, Ејџеј Мичалка

Жанр: анимација, акција, авантура

Креатор: Ноел Стивенсон

Премиера: 13 ноември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 1,00 од 10)
Loading...

 

16-годишната Адора никогаш не ги запознала своите родители и отсекогаш се прашувала која е. Таа како мала била посвоена од Хордак, тиранин што владее со планетата Етериа преку неговата Хорда. Но, Адора, како и сите други млади воини, била учена дека е на страната на „добрите“ во војната против принцезите, кои пак се претставувани како најголемото зло на планетата и затоа мора да бидат уништени по секоја цена. Никој, никогаш не се посомневал во ова учење.

Сето тоа ќе се смени откако еден ден Адора ќе се изгуби во забранетата шума и ќе најде магичен меч што ќе ја трансформира во Принцезата на моќта, Ши-Ра. Тогаш за прв пат ќе го види и страдањето што Хордата ѝ го предизвикува на планетата. Во истиот тој момент Адора ќе одлучи да се приклучи на отпорот и заедно со своите нови пријатели, ќе започне Алијанса на принцезите, со цел да ја ослободи Етериа од канџите на Хордак.

Иако станува збор за анимирана ТВ серија, сепак оваа приказна не е само за најмалите очи. Ако сакате да уживате во интересна и авантуристичка серија, слободно придружете им се на вашите дечиња и заедно впуштете се во авантура. Таа би можела да биде одличен начин да се поврзете со вашите најмили и да си отворите многу теми за разговор во следните неколку недели. Да не заборавиме на фактот и дека многу ќе се забавувате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар