ТВ серија: Растејќи го Дион (Raising Dion)
Вдовица и самохрана мајка открива дека нејзиниот син има супермоќи и се обидува да открие како да го воспитува безбедно и одговорно
Главни улоги: Алиша Вејнврајт, Џасија Јанг, Сами Ханеј
Жанр: драма, научна фантастика
Креатори: Керол Барби, Денис Лиу
Премиера: 4 октомври 2019
Број на сезони: 1
Времетраење: 50 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Растејќи го Дион е кратка ТВ серија, базирана на стрип со истото име од Денис Лиу. Станува збор за приказна за суперхерој кој е многу помлад од оние што сме навикнати да ги гледаме. Дејството започнува со откривањето на моќите на малиот Дион (Џасија Јанг) кој изгледа како да нема никаква контрола над нив. Тој може да мрда објекти со умот, но секогаш кога ќе проба нештата тргнуваат наопаку.
За среќа, мајка му, Никол (Алиша Вејнврајт), е спремна да направи сè што е потребно за да го заштити својот син. Заедно со најдобриот пријател на татко му, Пет (Џејсон Ритер), тие ќе основаат „клуб на суперхерои“ и ќе почнат да го обучуваат малиот Дион според правилата што ги следат суперхероите во стриповите. Тие полека ќе го учат како да ги контролира своите моќи, додека се борат да откријат од каде тие всушност потекнуваат.