ТВ серија: Ранчот (The Ranch)

ТВ серија: Ранчот (The Ranch)

Професионален спортист се враќа на ранчот каде што израснал, со цел да му помогне на својот татко да не го изгуби

(1) ТВ серија: Ранчот (The Ranch)Главни улоги: Ештон Кучер, Дебра Вингер, Сем Елиот, Дени Мастерсон

Жанр: комедија

Креатори: Џим Патерсон и Дон Рео

Премиера: 1 април 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 9,50 од 10)
Loading...

Интересно е да се видат Ештон Кучер и Дени Мастерсон повторно заедно на хумористичната сцена. Доколку ја имате гледано ТВ серијата „Луди 70-ти“, тогаш веќе знаете дека тие одлично функционираат како тим. Но, наместо пријатели, овој пат тие се браќа, кои работат на ранчот на нивниот татко и притоа лудо се забавуваат, користејќи хумор кој ќе ве насмее до солзи. Нивните интересни досетки и забавни шеги се само една причините поради која можете уште веднаш да претпоставите дека „Ранчот“ ќе биде успешна. Од друга страна пак, ги имаме и Дебра Вингер и Сем Елиот, односно нивните родители, кои се како измислени за ликовите кои ги толкуваат.

(2) ТВ серија: Ранчот (The Ranch) (3) ТВ серија: Ранчот (The Ranch)

Приказната започнува со враќањето на Колт Бенет (Ештон Кучер) во домот од неговото детство. Тој е професионален спортист, кој сè уште го брка својот сон да успее во светот на американскиот фудбал. Иако има 34 години, убеден е дека пред него има доволно време за да се пробие како квотербек. Но, по само неколку часови со својот брат (Дени Мастерсон), татко (Сем Елиот) и мајка (Дебра Вингер), тој открива дека нивниот ранч полека пропаѓа и дека постојат големи шанси неговиот татко да го изгуби. Токму затоа и решава да се откаже од својот сон за да помогне во одржувањето на нивниот ранч. Тоа е и моментот кога неговиот живот конечно вистински ќе започне…

(4) ТВ серија: Ранчот (The Ranch) (5) ТВ серија: Ранчот (The Ranch)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар