ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House)

ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House)

Продолжение на добро позната ТВ серија „Full House“ од 80-тите и 90-тите години

(1) ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House)Главни улоги: Кендес Камерон Бјур, Џоди Свитин, Андреа Барбер

Жанр: комедија

Креатор: Џеф Френклин

Премиера: 26 февруари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,67 од 10)
Loading...

Доколку сте љубители на ТВ серијата „Full House“, тогаш сигурно би биле многу изненадени кога ќе ја гледате првата епизода од продолжението, „Fuller House“. Станува збор за носталгично патување во минатото, каде што голем дел од оригиналниот тим актери се наоѓаат повторно на истото место – во нивниот добро познат дом. Но, тука доаѓа и малото разочарување, а тоа е дека само мал дел од нив остануваат во понатамошните епизоди. Што се однесува до самата структура, оваа ТВ серија се води по истиот пат како и нејзиниот претходник.

(2) ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House) (3) ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House)

Дејството продолжува околу 20 години по завршувањето на оригиналната приказна, кога Дени Танер (Боб Сагет) е подготвен да се сели од семејниот дом кој досега го делел со неговата ќерка, Диџеј (Кендес Камерон Бјур) – која пак, од неодамна е вдовица. И покрај двоумењата, тој сепак ќе одлучи да го напушти домот и да ѝ го остави на својата ќерка, со цел да таа има соодветно место за живеење со нејзините 3 сина – Џексон (Мајкл Кампион), Макс (Елиас Харгер) и бебето Томи (Дашиел и Фокс Месит).

(4) ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House) (5) ТВ серија: Пополна куќа (Fuller House)

И покрај тоа што можеби изгледа добро на хартија, сепак првата епизода премногу се потпира на носталгијата и тешко е да го задржи вниманието на сегашните настани. Започнувајќи со нагласувањето на фактот дека близначките Олсен не успеале да најдат време за да се појават во првата епизода, па сè до намалувањето на емоционалните доживувања на ликовите со цел да се нагласи забавата, тешко е да се замисли дека некој би сакал да продолжи со следната епизода. Токму затоа и ви предложуваме да бидете трпеливи, бидејќи како што поминуваат епизодите, така приказната станува многу подобра и навистина вредна за гледање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар