ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)
ТВ серија која е произлезена од позната „Breaking Bad“
Главни улоги: Боб Оденикрк, Реа Сихорн, Патрик Фабијан
Жанр: комедија, криминал, драма
Креатор: Винс Гилиган, Питер Гоулд
Премиера: 8 февруари 2015
Број на сезони: 1
Времетраење: 52 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8
Ваша оценка:
Креаторите на познатата ТВ серија „Breaking Bad“ започнале нова приказна, која нè води во животот на адвокатот Сал Гудман пред тој да стане Сал Гудман. Оваа ТВ серија на некој начин ѝ претходи на „Breaking Bad“, покажувајќи ни го животот на адвокатот за криминал во времето кога се борел за опстанок. Тој нема клиенти, нема пари и има многу долгови, но работите ќе почнат да се менуваат откако тој ќе реши да ги наоѓа своите клиенти на малку покреативен начин.
Познатиот адвокат во првите епизоди сè уште го користи своето вистинско име, Џими Мекгил, но поради проблемите кои брат му ги има со престижната адвокатска компанија во која работел, тој ќе почне да размислува да го смени со цел да започне од почеток. Неговиот постар брат, Чак, страда од необична болест која не му дозволува да води нормален живот и тој секојдневно се бори со неа надевајќи се дека еден ден повторно ќе може да се врати во светот. Џими се обидува со целата сила да му помогне, но понекогаш тој не може ни самиот за себе за грижи, па токму затоа Чак ќе најде друг начин на кој ќе се издржува, за да му помогне на својот брат повторно да изгради нормален живот.
Уште во првата епизода се открива многу за карактерот на Џими, за начинот на кој тој се справува со животот како и за неговата поврзаност со брат му. Настаните се одвиваат малку побавно од вообичаено, раскажувањето се случува на истиот начин како што беше и во „Breaking Bad“ и самата приказна ја има потребната тежина и обработка на детали која со сигурност ќе го задржи вашето внимание. Па, доколку сте расположени за нова луда авантура дајте ѝ можност на ТВ серијата „Better Call Saul“. Сигурни сме дека нема да зажалите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.