ТВ серија: Општество (The Society)

ТВ серија: Општество (The Society)

Кога сите мистериозно ќе исчезнат од нивниот град, тинејџерите од Вест Хем мора да создадат ново општество за да преживеат

Главни улоги: Кетрин Њутон, Гидеон Адлон, Шон Берди

Жанр: драма, мистерија, научна фантастика

Креатор: Кристофер Кејсер

Премиера: 10 мај 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за мистерија што навистина ќе ве замисли. 200 тинејџери тргнуваат на екскурзија, но завршуваат назад во нивниот мал град. Но, тие брзо забележуваат дека иако сè е на своето место, од најголемите градби, до клучевите од автомобилите на нивните родители, тие географски не се наоѓаат на истата положба. Изгледа како некој да направил копија од нивниот град и да ја ставил во средина од бескрајна шума.

На почетокот, нештата не се воопшто лоши за тинејџерите. Тие имаат храна, струја и целосна слобода. Па, затоа и ќе си го претворат целиот град во огромно игралиште. Но, за жал ова нема да потрае и тие ќе мора брзо да пораснат доколку сакаат да преживеат. Тие брзо ќе се соочат со смртоносни средби со животни, необјасниви епидемии на болести и насилство. Ќе сфатат дека воопшто не е лесно да се држи едно општество под контрола.

Оваа ТВ серија поставува многу филозофски прашања и отвора многу теории за тоа што навистина се случило со децата. Тие и самите ги поставуваат овие прашања и создаваат нови теории, меѓу кои и дека се во паралелен универзум или во задгробниот живот. Но, што е вистината? Времето со сигурност ќе ни покаже! Па, ако сте расположени за мистерија што ќе ве поттикне на размислување, оваа ТВ серија е без сомнение одличен избор за вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар