ТВ серија: Од ден за ден (One day at a time)

ТВ серија: Од ден за ден (One day at a time)

Кубанско семејство во Америка се соочува со тешките, но и со убавите моменти од секојдневниот живот

1-tv-serija-od-den-za-den-one-day-at-a-time-kafepauza.mkГлавни улоги: Џастина Мачадо, Рита Морено, Тод Гринел, Изабела Гомез, Стивен Тоболовски

Жанр: комедија, ситком

Креатори: Глорија Калдерон Келет и Мајк Ројс

Премиера: 6 јануари 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски, шпански

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 8,50 од 10)
Loading...

Добрите комедии спакувани во сериски формат ретко се појавуваат и уште поретко умеат вистински да нѐ расположат и насмеат. Сепак, кога ќе излезе ТВ серија која успеала да ни ги задржи вниманието и насмевката на лицето, тоа не смееме да го прескокнеме. Се работи за нова адаптација и продолжение на некогашната истоимена серија во 9 сезони која се прикажувала од 1975 до 1984 година.

ТВ серија: Од ден за ден (One day at a time)

Во составот на семејството Алварез се мајката Пенелопе, воен ветеран, порано мажена (веќе разделена) со колега од истите редови, нејзините две деца – самобендисаниот, но интересен Алекс и алтернативната феминистка Елена, како и бабата Лидија која создава вистински шарм во целиот дом. Додека Пенелопе се обидува да скрпи за живот работејќи како медицинска сестра во една мала ординација, Елена и Алекс се нормални тинејџери кои се обидуваат да си го пронајдат својот идентитет, интереси и позиција помеѓу нивните врсници. Иако Лидија навидум изгледа како да се меша во односите помеѓу сите и да ги наметнува своите ставови, таа всушност е лепакот кој го одржува семејството во хармонични врски.

ТВ серија: Од ден за ден (One day at a time)

Ова не би била типична комедија доколку нема барем еден комшија во зградата кој постојано ќе „виси“ во станот на главното семејство. Таа улога ја има менаџерот на зградата Шнајдер, кој има многу пари и премногу слободно време кое обожава да го поминува со сите од семејството Алварез. Тој е на некој начин пријател и таткова фигура за Алекс и Елена, пополнувајќи ја празнината на главна машка улога во семејството, па и во серијата воопшто. Шнајдер е инаку и многу згоден, па женската публика ќе ужива во сцените со него.

ТВ серија: Од ден за ден (One day at a time)

Серијата е во продукција на Нетфликс, па тоа значи дека иако е нова, сите епизоди од првата сезона се веднаш достапни за гледање. Нив ги има 13 на број и се одличен избор за релаксирање во втората половина од денот, кога на сите ни треба одмор од обврските и секојдневните стресови. Епизодите траат доволно долго за да ви го заситат апетитот за смеа и опуштање, но дејството се развива спонтано и неисфорсирано, па тоа можеби ќе ве натера да ги изгледате сите во еден викенд маратон.

Глумата е одлична, шегите се креативни и свежи, а едноставноста на концептот ја прави супер избор за да се најде на телевизорот во сечиј дом. Пуштете ја „Од ден за ден“ и да се насмееме ко луѓе! 🙂

ТВ серија: Од ден за ден (One day at a time)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар