ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast)
Двајца пријатели отвораат заедно ресторан со цел одново да започнат со својот живот
Главни улоги: Еван Леон, Демостенис Крисан, Вики Верхајм, Дејвид Швимер, Џим Стургис
Жанр: драма
Креатор: Клајд Филипс
Премиера: 5 јуни 2016
Број на сезони: 1
Времетраење: 45 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка:
Како продолжуваме да живееме по трагедија? Како продолжуваме со животот по катастрофални грешки? Како почнуваме одново откако нештата ќе ни тргнат во сосема спротивна насока од онаа која сме си ја замислиле? Токму овие прашања се обработуваат во новата ТВ серија „Нахрани го ѕверот“, каде што приказната се врти околу искршени пријатели кои почнуваат одново да го изградат својот живот така што ќе ја оживеат идејата за започнување скап грчки ресторан. За разлика од останатите драми кои во моментов можете да ги начекате на малите екрани, оваа е исполнета со готвење вкусни оброци и различни дијалози кои ќе ве замислат, но и научат на важни лекции за загубата.
Дејвид Швимер го толкува ликот Томи, искусен сомелиер кој едвај успева да заработи нешто ситно како продавач на вино. Тој исто така се бори и со алкохолизам, оправдувајќи се дека во неговата работа мора да го вкуси виното за да може подобро да го продаде. Тој сè уште се обидува да се исправи на нозе откако ненадејно ја загубил неговата сопруга. Неговиот син, кој бил сведок на сообраќајната несреќа во која таа загинала, оттогаш не изустил ниту еден збор, па тој цело време се обидува да допре до него и да му помогне повторно да зборува. Од друга страна пак, го имаме Дион (Џим Стургис), кој завршил во затвор поради пироманија. Тој има проблем со дрогата и многу долгови кон мафијата. Откако ќе излезе од затвор, неколку месеци порано, тој ќе се обиде да го убеди неговиот пријател да се преселат во Париз, каде што ќе почнат одново со својот живот и плановите за ресторан. Но, нештата повторно нема да се одвиваат како што тој би сакал…