ТВ серија: Надарени (The Gifted)

ТВ серија: Надарени (The Gifted)

Едно посебно семејство се обидува да се избори за својата слобода во свет што е во војна со мутанти

(1) tv-serija-nadareni-the-gifted-Главни улоги: Стивен Мојер, Ејми Акер, Перси Хајнс Вајт, Натали Алин Линд

Жанр: акција, фантазија, научна фантастика

Креатор: Мет Никс

Премиера: 2 октомври 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Оваа ТВ серија се врти околу животот на едно семејство, што на прв поглед изгледа сосема обично. Рид (Стивен Мојер), таткото, е адвокат што се занимава со осудување на мутанти-криминалци, а Кејтлин (Ејми Акер), мајката, е медицинско лице. И тука завршува „обичното“ во ова семејство. Нивните деца, кои досега ги криеле своите моќи поради работата на татко им, брзо ги откриваат по инцидент во нивното училиште. Така и дознаваме дека нивниот син, Енди (Перси Хајнс Вајт), поседува некаков вид телекинеза, а нивната ќерка, Лорен (Натали Алин Линд), може да манипулира со елементите, особено со воздухот.

(2) tv-serija-nadareni-the-gifted- (3) tv-serija-nadareni-the-gifted-

Многумина ја споредуваат оваа ТВ серија со Легија (Legion), најмногу затоа што е инспирирана од Икс-Мен франшизата, но да бидам искрена, самата приказна делува малку послабо. Можеби тоа е така бидејќи се сретнуваме со мутанти чии моќи не се ништо ново на малите екрани, па делуваат веќе видено и досадно. Но тоа не значи и дека не е добра за гледање. Интересната динамика на семејството Стракер е тоа што ќе ви го задржи вниманието. Како ќе успеат сосема обични луѓе да ги заштитат своите надарени деца од злобниот свет чија единствена цел е да ги неутрализира?

(4) tv-serija-nadareni-the-gifted- (5) tv-serija-nadareni-the-gifted-


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар