ТВ серија: Манифест (Manifest)

ТВ серија: Манифест (Manifest)

Тие тргнуваат со авион од Јамајка во 2013, но слетуваат во Њујорк во 2018 година

Главни улоги: Џ. Р. Рамирез, Џош Далас, Џек Месина

Жанр: драма, мистерија

Креатори: Џек Рејк, Метју Фернандез

Премиера: 24 септември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Оваа ТВ серија е базирана на навистина интересна идеја. Замислете го следново сценарио… Влегувате во авион, наидувате на посериозна турбуленција, но сепак безбедно слетувате на вашата дестинација. Иако ви е мило што сè поминало добро, веднаш штом излезете од авионот сфаќате дека нешто не е во ред и дознавате дека поминале 5 години од моментот кога сте влегле во авионот.

Оваа идеја отвора простор за многу возбудлива ТВ серија. Патниците во авионот тргнале од Јамајка во 2013 година, но слетале во Њујорк во 2018. Замислете само колку нешта се сменети од тогаш, почнувајќи од самите настани ширум светот, па сè до напредокот на технологијата. Од друга страна пак, оваа ТВ серија нè води и во личниот живот на самите патници, што изгубиле 5 години без да остарат ниту еден ден, додека нивните најблиски продолжиле со својот живот, верувајќи дека никогаш повторно нема да ги видат. Токму тоа и ја прави побогата, како и поинтересна за гледање. Таа освојува со емоционалниот и психолошки аспект.

Тоа што е можеби малку предвидливо и веќе видено е фактот што ова необично патување ќе им даде некаков вид „моќи“ на патниците. Иако не можеме да знаеме на каде ќе тргне овој момент од само една епизода, сепак веднаш се забележува дека акцентот ќе биде токму на ова. Од друга страна пак, интересно е и истражувањето на тоа што предизвикало да се случи овој скок во времето и во игра се буквално сите идеи што ќе ви паднат напамет, вклучувајќи ја и божествената сила. Останува да почекаме и да видиме дали оваа приказна ќе го достигне својот целосен потенцијал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар