ТВ серија: Малцински извештај (Minority Report)

ТВ серија: Малцински извештај (Minority Report)

ТВ серија базирана според филмот со истото име од Стивен Спилберг

(1) ТВ серија: Малцински извештај (Minority Report)Главни улоги: Меган Гуд, Старк Сендс, Ник Зано

Жанр: драма, научна фантастика

Креатор: Макс Боренстеин

Премиера: 21 септември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 7,75 од 10)
Loading...

10 години по завршувањето на тајната програма во Вашингтон, која вклучуваше откривање на злосторствата пред да се случат со цел да бидат спречени, еден од 3-цата „видовити“, Деш (Старк Сендс), ќе се обиде да живее нормален живот додека сè уште страда од визии од иднината. Тој може да ги гледа сите убиства кои ќе се случат во негова близина, но без неговиот брат близнак не може да ја види целосната слика и постојано доцни или се наоѓа на погрешното место во вистинското време. Токму затоа и ќе ѝ пристапи на детективката Лара Вега (Меган Гуд) со цел да се обиде повторно да почне да ги спречува овие злосторства пред тие да се случат.

(2) ТВ серија: Малцински извештај (Minority Report)

Оваа ТВ серија е базирана според добро познатиот филм „Малцински извештај“, но сепак има неколку големи разлики кои значително ја издвојуваат. Станува збор за типична детективска серија, каде што има веќе позната динамика помеѓу ексцентричен гениј и детектив кој се движи според правилата. Но, тоа не значи дека таа не вреди да се гледа. Доколку сте фан на филмот, оваа телевизиска адаптација може да ви биде одличен начин за поминување на вашите слободни денови. Бидејќи приказната е сè уште нова и има добра основа, доколку тргне во правилната насока може да се претвори во одлична ТВ серија. Добриот избор на актерите допринесува за нејзиниот потенцијал.

(4) ТВ серија: Малцински извештај (Minority Report)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар