ТВ серија: Ложа 49 (Lodge 49)

ТВ серија: Ложа 49 (Lodge 49)

По сплет на околности, Дад се наоѓа на вратата на Ложата 49, каде што членовите се постари, и се служи евтино пиво и чудни алхемиски филозофии

Главни улоги: Вајат Расел, Брент Џенингс, Соња Касиди

Жанр: комедија, драма

Креатор: Џим Гавин

Премиера: 6 август 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 4,00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за комбинација од комедија и драма, односно за сè попопуларниот жанр драмедија каде што го следиме животот на еден млад човек по смртта на неговиот татко. Шон Дадли (Вајат Расел), попознат како Дад, обидувајќи се да најде значење во животот, неочекувано или пак, можеби судбински, станува дел од ложа откако случајно ќе наиде на неа и ќе се зближи со еден од офицерите – Ерни (Брент Џенингс). Со оглед на тоа што младиот Дад не работи ништо по затворањето на бизнисот на татко му и го има целото време на светот за тоа што сака да го прави, тој целосно се посветува на својата нова група пријатели која се сочинува од постари членови.

Дад, на кратко, е еден од оние карактери во кои лесно можете да се заљубите, дури и ако повремено ве нервира со своите будалести размислувања и делувања. Вие можете многу свои однесувања да препознаете кај него, па затоа и брзо ќе се поврзете. Исто така подгответе се за луда емоционална железница, затоа што оваа ТВ серија е целосно насочена кон соочување со животните разочарувања и наоѓање начин истите да се надминат – нешто што Ложата 49 му помага на Дад да го направи, а преку тоа ви ја овозможува истата помош и на вас.

Со неколку зборови, оваа ТВ серија е забавна, повремено темна, и многу уникатна, па затоа сме и сигурни дека навистина ќе ви се допадне. Дури и да не станете нејзини најголеми фанови, мора да признаете дека вреди да се погледне токму поради различноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар