ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow)
ТВ серија за патникот низ време, Рип Хантер, кој собира тим од херои и негативци со цел да ја спречи апокалипсата која ѝ се заканува на Земјата
Главни улоги: Виктор Гарбер, Брендон Рут, Кејти Лотс, Артур Дарвил
Жанр: акција, научна фантастика
Креатори: Грег Берланти, Марк Гугенхејм, Фил Клемер
Премиера: 21 јануари 2016
Број на сезони: 1
Времетраење: 42 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Кога хероите не се доволни… На светот му се потребни легенди! Откако видел што го очекува човештвото во иднината, Рип Хантер (Артур Дарвил) ќе се обиде да спречи одредени настани да се случат така што ќе патува назад низ времето. Неговата мисија е да собере група од очајни херои и негативци, со цел заедно да ѝ се спротивстават на една незапирлива закана која еден ден може да значи крајот на целото човештво. Но, најголемото прашање е дали може да му се верува на овој тим да победат бесмртна закана каква што никогаш досега не виделе?
Ако сте љубители на ТВ сериите „Arrow“ и „The Flash“, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и оваа приказна. Со оглед на тоа што ликовите се извлечени од овие 2 серии, тие сигурно веќе многу добро ви се познати, па ќе можете веднаш да се вклопите во дејството. Исто така, можеме да очекуваме и епизоди во кои се вклучени главните ликови од сите овие серии, како што тоа често се прави помеѓу приказните од „DC Comics“, па едноставно нема да можете да не ги гледате ако сакате да бидете во тек со настаните. На кратко, оваа ТВ серија е одлична за оние моменти кога сакате да избегате од реалноста, а сте расположени за приказна која е лесна за гледање…