ТВ серија: Куќа од карти (House of Cards)
Гледајте ги сите 26 епизоди наеднаш за да ги мразите уште повеќе
Улоги:
Кевин Спејси (Френсис Андервуд)
Робин Рајт (Клер Андервуд)
Мајкл Кели (Даг Стампер)
Мајкл Гил (претседателот Гарет Вокер)
Нејтан Дароу (Едвард Мичам)
Сакина Џефри (Линда Васкез)
Кристен Коноли (Кристина Галагер)
Махершала Али (Реми Дантон)
Рејчел Броснахан (Рејчел Познер)
Себастијан Арселус (Лукас Гудвин)
Елизабет Нормент (Ненси Кауфбергер)
Кејт Мара (Зои Барнс)
Џералд Мекрени (Рејмонд Таск)
Констанс Зимер (Џенин Скорски)
Кори Стол (претставникот Питер Русо)
Моли Паркер (Џеки Шарп)
Куќа од карти е серија во која доминира надменоста спакувана во љубезна формалност на опасно амбициозниот политичар Френк Андервуд.
Во макијавелистичката приказна за преземање позиции и за одмерување сили и моќ, двократниот оскаровец Кевин Спејси го игра Френк Андервуд, а Робин Рајт – неговата сопруга Клер. Тие се брачна двојка која е премачкан со сите бои, а сите одлуки и постапки ги оправдуваат со дејствување за општо добро. Кевин Спејси и Робин Рајт се брилијантни во нивните улоги и не можеме да престанеме да ги гледаме колку и да ни се гади од ставовите на нивните ликови.
Френк Андервуд на Кевин Спејси е, едноставно, неодолив. Во неколку мига во серијата се чини дека е втеран в ќош и дека веќе нема потези, но веќе во следната сцена ќе видиме дека тој, всушност, бил десет чекори пред сите соперници, кои немилосрдно ги елиминира на патот кон апсолутната моќ. Патот на Френк Андервуд почнуваме да го следиме кога е на местото координатор на пратеничката група на мнозинството во Претставничкиот дом на САД. Иако таа е една од најважните позиции во политичкиот живот во САД, неговите амбиции се многу, многу поголеми.
Робин Рајт, во улога на пресметливата сопруга Клер, за стекнување уште повеќе моќ и углед безрезервно ќе ја користи нејзината хуманитарна организација, на чие чело е токму таа, ќе го уништи нејзиниот љубовник за да ја заштити кариерата на сопругот и ќе се спријатели со првата дама за да влијае на одлуките на американскиот претседател.
Бидејќи Куќа од карти е адаптација на серијата на Би-би-си од деведесеттите, а која го следи политичкиот пат на Френсис Јуан Аркарт, логично се наметнува прашањето: