ТВ серија: Јас зомби (iZombie)

ТВ серија: Јас зомби (iZombie)

ТВ серија за студентка по медицина која ќе открие дека да се биде зомби има и позитивни страни

(1) ТВ серија: Јас зомби (iZombie)Главни улоги: Роуз Мекајвер, Малколм Гудвин, Раул Коли, Моли Хејган, Ник Пурч

Жанр: криминалистика, драма, хорор

Креатор: Мајк Алред

Премиера: 17 март 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

Интересна е опсесијата со зомби приказни која се појави ширум светот во последниве неколку години. Најверојатно под влијание на стриповите и ТВ серијата „The Walking Dead“, луѓето изгледа не можат да се изнагледаат приказни кои вклучуваат живи мртви. Но, сите ние сме навикнати да гледаме зомби кои се, па да речеме, глупави. Тие немаат контрола над себе и сè што ги води во животот е нивната глад за живо човечко месо. Во оваа приказна, главниот лик, Лив (Роуз Мекајвер), е интелигентно зомби кое сепак може да го живее својот живот како човек. Или барем да се обидува…

(3) ТВ серија: Јас зомби (iZombie)

Оваа ТВ серија е исто така базирана врз стрип со истото име. И како и секогаш, почетокот на приказната е очигледно клише. Во еден момент од нејзиниот живот, Лив имала сè што една жена би посакала. Таа е амбициозна во секое поле, успешна во својата кариера, има прекрасен свршеник и може да постигне буквално сè што ќе намисли. Но, по само неколку минути клишето се губи и се случува нешто неверојатно и досега невидено – една бизарна бродска несреќа целосно ќе го промени нејзиниот живот. Бродот ќе доживее несреќа и таа ќе биде единствената преживеана. Добро, таа не е баш жива, но не е ни мртва. Лив е зомби.

(2) ТВ серија: Јас зомби (iZombie) (5) tТВ серија: Јас зомби (iZombie)

По трансформацијата таа се претворила во својата спротивност. Веќе не постои Лив чиј живот беше толку совршен. Таа ја изгуби својата амбиција, успех, свршеник, па дури и желбата за живот. Исто така, сакајќи да ги заштити другите од тоа што го има, целосно се изолирала од своите најблиски и работата во болницата ја заменила со работа во мртовечница.

(4) ТВ серија: Јас зомби (iZombie)

Како зомби, Лив е постојано гладна и изгледа дека сè што може да ја задоволи нејзината глад, барем накратко, се мозоците на луѓето. Но, она што е најинтересно е дека откако таа ќе изеде нечиј мозок, потоа доживува еден вид „визии“ во кои гледа делови од животот на таа личност. Токму ова на некој начин ќе ѝ ја врати желбата за живеење. Таа ќе ја најде својата цел така што ќе открие дека со својата нова моќ може да помага при решавањето дури и на најмистериозните убиства. Лив со мала помош од нејзиниот соработник кој е единствениот кој ја знае нејзината тајна, ќе стане партнерка на детектив кој тие ќе го убедат дека е видовита… Во тој момент нејзиниот живот повторно ќе добие смисла.

(6) ТВ серија: Јас зомби (iZombie) (7) ТВ серија: Јас зомби (iZombie)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар