ТВ серија: Изумрени (Extinct)

ТВ серија: Изумрени (Extinct)

400 години по изумирањето на човечката раса, мала група луѓе е вратена во живот од страна на вонземјанска цивилизација

(1) tv-serija-izumreni-exstinct-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Чед Мајкл Колинс, Викторија Аткин, Јорк Фрајер

Жанр: научна фантастика, акција, авантура, драма

Креатор: Арон Џонстон, Орсон Скот Кард

Премиера: 1 октомври 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 7,00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за нова научно фантастична ТВ серија, која ни ја раскажува приказната за три личности кои се вратени во живот од страна на вонземјанска цивилизација позната како Оригинатори. Тие набрзо дознаваат дека човечката раса била изумрена повеќе од 400 години, по инвазијата на друга вонземјанска сила, расата Карик. Оригинаторите им велат дека нивната цел е да го вратат човештвото на Земјата, но тие набрзо ќе сфатат дека многу нешта се сменети и дека планетата не е онаква каква што тие ја памтат.

(2) tv-serija-izumreni-exstinct-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-izumreni-exstinct-www.kafepauza.mk

Трите главни лика се Езра, Фина и Ејбрам. Сите тие имаат различно потекло и се одново вратени во живот во годините кога биле најздрави и најсилни, со променети гени, правејќи ги малку помоќни од претходно. Езра (Чед Мајкл Колинс) веднаш ги покажува своите лидерски способности, брзо преземајќи ја улогата на лидер на триото кое покрај него го сочинуваат и Фина (Викторија Аткин) и Ејбрам (Јорк Фрајер). Нивните карактери се детално изработени, со богата историја, правејќи ги совршени за мисијата која ја добиваат – враќањето на човештвото на планетата Земја!

(4) tv-serija-izumreni-exstinct-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-izumreni-exstinct-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар