ТВ серија: Друг живот (Another Life)

ТВ серија: Друг живот (Another Life)

Вселенскиот брод Салваре, под водство на Нико, тргнува во мисија што ќе го промени човештвото засекогаш

Главни улоги: Кејти Сакоф, Семјуел Андерсон, Блу Хант

Жанр: авантура, драма, мистерија

Креатор: Арон Мартин

Премиера: 25 јули 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Ако сте ја гледале ТВ серијата „Ноќни летачи“ (Nightflyers), тогаш едноставно нема да можете да не чувствувате дежа ву при одредени сцени и во оваа. Тоа може и да ви пречи, особено ако не ви се допаднала првата. Да бидеме искрени, нема да ве обвиниме за ова, бидејќи како што се развиваше приказната, така таа стануваше сè поапсурдна. За разлика од неа, „Друг живот“ почнува послабо, но со секоја нова епизода приказната станува подобра и подбра. Дур стигнете до крајот, веќе ќе се чувствувате како да сте гледале една од најдобрите научни фантастики на декадата.

Приказната започнува со лансирањето на вселенското возило Салваре, чија мисија е да открие каде се испраќаат сигналите од непознатото вселенско летало што слетало на Земјата. Луѓето долго се обидувале да комуницираат со него, но неуспешно. Но, кога конечно ќе откријат каде се испраќаат мистериозните сигнали, Нико ќе поведе тим истражувачи со неа за да воспостават прв контакт со вонземјаните. Тие се впуштаат во една од најтешките мисии досега што целосно ќе го промени човештвото!

Како и во секоја друга вселенска мисија, така и овој пат екипажот брзо почнува да се соочува со проблеми. Од предавство до погрешни процени – екипажот ќе претрпи многу загуби дур стигне на крајната дестинација. Да не зборуваме и за фактот дека локацијата била погрешно одредена, па нивното патување ќе трае многу подолго од очекуваното. Дали тие ќе го издржат ова и дали ќе успеат да воспостават прв контакт? Останува на вас да гледате за да откриете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар