ТВ серија: Црна шифра (Code Black)
ТВ серија за бројните случаи со кои се соочуваат докторите од најпосетуваната болница во Лос Анџелес
Главни улоги: Хери Форд, Марсија Геј Харден, Бенџамин Холингсворт
Жанр: драма
Креатор: Мајкл Сеицмен
Премиера: 30 септември 2015
Број на сезони: 1
Времетраење: 42 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Во болниците, црна шифра значи дека протокот на пациенти е толку голем, што едноставно нема доволно ресурси да се третираат сите. На годишно ниво, во Америка, секоја болница има околу 5 дена со црна шифра. Но, во „Angels Memorial“ тоа се случува 300 пати во годината. Токму оваа болница е и инспирацијата зад оваа серија, со цел да можеме да видиме какво е чувството да се биде доктор во толку тешка и брза средина.
Приказната започнува со 4-ца нови стажанти на нивниот прв ден на работа. На почетокот сè изгледа сосема нормално, па токму затоа и можеби ќе помислите дека станува збор за уште докторска серија од типот на „Grey’s Anatomy“. Но, со секоја нова сцена, вие сè повеќе ќе сфаќате дека оваа приказна се разликува од оние кои досега сте ги гледале од овој жанр. Станува збор за брза серија, која нема да ви дозволи ниту една секунда да можете да земете слободно воздух. Откако ќе почне да доаѓа напливот на пациенти, па до самиот крај на епизодата, вие постојано ќе седите на работ од вашето столче, не знаејќи каде попрво да гледате.
На кратко, оваа серија е одлична за оние кои се љубители на приказните за доктори и сакаат динамични приказни, но имајте на ум дека не е за оние кои имаат нервозен стомак. Сцените се најчесто прилично сликовити, па постојано ќе гледате различни видови медицински зафати кои изобилуваат со крв и други вознемирувачки слики. Ако овие сцени не ви пречат, тогаш нема причина зошто да не ви се допадне овој нов докторски тим на малите екрани.