ТВ серија: Блудници (Harlots)

ТВ серија: Блудници (Harlots)

Животот во борделите во 1700-тите години во Лондон

(1) ТВ серија: Блудници (Harlots)Главни улоги: Саманта Мортон, Лесли Менвил, Бронвин Џејмс, Алекса Дејвис, Дороти Аткинсон

Жанр: драма

Креатори: Моира Буфини, Алисон Њуман

Премиера: 27 март 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 5,33 од 10)
Loading...

 

Дејството нè води во 1700-тите години во Лондон, кога секоја петта жена се занимавала со проституција. Со оглед на тоа што биле исклучително ограничени можностите за работа на жените, оние кои морале и/или сакале самите да се издржуваат, почнале да продаваат секс услуги со цел да можат да живеат поудобен и послободен живот. Постои една мисла што ни кажува дека проституцијата е најстарата професија во човештвото и оваа ТВ серија нè потсетува дека има вистина во неа.

(0) ТВ серија: Блудници (Harlots)

Приказната се врти околу два бордела, односно ривалството помеѓу сопственичките и начинот на кој тие ги водат своите девојки. Иако бизнисот им изгледа сосема различен – во борделот на Маргарет Велс (Саманта Мортон), девојките се учени да бидат тоа што се и да владеат со мажите што ги заведуваат, додека пак, во оној на Лидија Куигли (Лесли Менвил), тие се тренирани да бидат вистински дами, знаат француски јазик, свират на инструменти и имаат одлично познавање од уметноста, на тој начин привлекувајќи го вниманието на клиентите. Сепак основата е иста – тие ги заведуваат мажите кажувајќи им го точно тоа што сакаат да го чујат и ги исполнуваат дури и нивните најдлабоки и најскриени сексуални фантазии.

(3) ТВ серија: Блудници (Harlots)

Иако ТВ серијата изобилува со живописни сексуални сцени, сепак развојот на карактерите е ставен во преден план, па очекувајте и многу емотивни настани што барем малку ја збогатуваат приказната, а со тоа и ја издвојуваат во својот жанр.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар