ТВ серија: Агент X (Agent X)
Агент скриен од очите на јавноста, па дури и од претседателот, дискретно соработува со потпретседателот во оние случаи кога нема друго решение
Главни улоги: Шерон Стоун, Џеф Хефнер, Џон Шеа
Жанр: акција, драма
Креатор: В. Блејк Херон
Премиера: 8 ноември 2015
Број на сезони: 1
Времетраење: 42 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка:
Станува збор за ТВ серија исполнета со многу акција и невозможни мисии кои ќе ве држат на работ од столчето до самиот крај. Приказната се врти околу новата потпретседателка на Америка, Натали (Шерон Стоун) чија најголема задача е да соработува со агентот X (Џеф Хефнер) во оние случаи каде што нема друг начин за справување со заканата. Таа е единствената која знае за овој агент, кој е скриен дури и од очите на самиот претседател поради легални причини.
Со оглед на тоа што Шерон Стоун ја толкува главната улога, вие веднаш можете да претпоставите дека станува збор за приказна која има потенцијал. Иако на моменти сцените со акција делуваат малку претерано и невозможно, сепак токму тоа и ја прави оваа ТВ серија забавна за гледање. Сите ние сакаме да гледаме како нашите омилени ликови од малите екрани се соочуваат со навидум безизлезни ситуации, но сепак во последен момент успеваат да најдат решение и да се спасат. Токму тоа и е главната идеја на оваа ТВ серија.