ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди
6. Луди 70-ти (That ’70s Show)
Кога станува збор за комедии, оваа серија имаше многу да понуди. Ги потсетуваше постарите генерации на минатото, додека на младите им прикажуваше култура која никогаш ја немаа видено. Ликовите беа смотани, но не премногу, а приказните беа интересни и целосно нови за помладата публика. На кратко, оваа ТВ серија имаше сè. Но, на повеќето млади актери им станува здодевно после некое време. Ѕвездите Тофер Грејс и Ештон Качер не се појавија во седмата сезона, па писателите се обидуваа да ги потполнат празнините кои ги оставија. Но, ова беше пропаст за серијата, па седмата сезона беше и последна.
7. Фелисити (Felicity)
Серијата која траеше 4 сезони, ја привлече публиката со комплексните ликови и со интересните приказни. Оваа приказна се смета дека најдобро го прикажува студентскиот живот во големиот град, но не успеа да се држи до тоа до крајот. За последната сезона биле планирани 17 епизоди, но телевизиската куќа побарала уште 5. Ова доведе до бизарен крај, каде што Фелисити патува назад во времето и повторно ја преживува последната година на факултет.
8. Заедница (Community)
Навидум едноставната ТВ серија која прикажува група луѓе на колеџ, стана серија која засекогаш ја промени комедијата. Серијата имаше 6 сезони и еден филм, но по која цена? Последната сезона доведе нови ликови кои требаше да заменат некои од старите, но обидот беше неуспешен.
9. Тревки (Weeds)
Оваа мрачна комедија на НВО започна со едноставна, но оригинална идеја. Што ако една домаќинка сака да го одржи начинот на живот откако починал нејзиниот сопруг? Решението за неа беше да одгледува марихуана. Неколку сезони серијата длабоко ја проучуваше оваа проблематика, сè до финалето на третата сезона. До осма сезона серијата се обидуваше да си го врати квалитетот, но толку многу работи им се случија на ликовите што тоа стана невозможно.
10. Придружба (Entourage)
Секогаш е ризично да правите ТВ серија според вистински лик. Оваа серија имала за цел да го следи животот на Марк Волберг, еден од нејзините продуценти. Но, серијата стана нешто сосем друго. Цели осум сезони го гледавме главниот лик кој ја вкусуваше славата, а потоа ја губеше. Серијата си имаше интересни моменти, но не нудеше ништо повеќе освен идејата дека животот исполнет со секс и дрога не е ништо без најдобрите пријатели.
Продолжува на следната страница…