Топ 8 филмови од Дизни со најголема заработка досега

Топ 8 филмови од Дизни со најголема заработка досега

Дизни е буквално велесила во филмската индустрија која вреди милијарди долари. Покрај нивните преработки на безвременските приказни и бајки, тие се одговорни и за филмовите на Марвел, Пиксар и Лукасфилм. Погледнете ја листата од филмови со најголема заработка досега…

1. Капетан Америка: Граѓанска Војна (Captain America: Civil War) од 2016

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Заработувајќи вртоглави 408 милиони долари, овој филм го вклучува речиси целиот тим на Одмазниците (The Avengers). Воедно, филмскиот универзум на Марвел (Marvel Cinematic Universe) е франшиза која во моментов заработува најмногу, и ова не е единствениот нејзин филм на листата!

Прочитајте ја нашата рецензија за овој филм тука.

2. Железниот Човек 3 (Iron Man 3) од 2013

(2)top-8-filmovi-na-dizni-so-najgolema-zarabotuvachka-kafepauza.mk

Победувајќи го за само 1 милион, Железниот Човек заработи 409 милиони долари. Овој филм повеќе се фокусираше на оригиналните ликови од стриповите, и не само што беше доста успешен во САД, туку успехот го следеше во целиот свет.

3. Приказна за играчките 3 (Toy Story 3) од 2010

(3)top-8-filmovi-na-dizni-so-najgolema-zarabotuvachka-kafepauza.mk

Третиот дел излезе 15 години после првиот филм и беше сè освен разочарувачки. Заработи 415 милиони долари и поттикна уште еден филм од франшизата, кој би требало да ја доживее премиерата во 2019 година.

Прочитајте ја нашата рецензија за овој филм тука.

4. Кралот Лав (The Lion King) од 1994

90-тите години многу често се нарекувани „ренесансата на Дизни“, а „Кралот Лав“ е навистина фасцинантен.

5. Одмазници: Ерата на Ултрон (Avengers: The Age of Ultron) од 2015

 

Назад кон филмовите на Марвел, „Одмазници“ заработи неверојатни 459 милиони долари во 2015 година. Навистина ги сакаме суперхеорите, зарем не?

(2) Филм: Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron)

Ако уште не сте го гледале овој филм, можете тука да ја прочитате и нашата рецензија.

6. Барајќи ја Дори (Finding Dory) од 2016

(6)top-8-filmovi-na-dizni-so-najgolema-zarabotuvachka-kafepauza.mk

Продолжението на „Барајќи го Немо“ (Finding Nemo) излезе цела деценија подоцна. Режисерот Ендрју Стентон изјавил дека одбивал да направи продолжение сè додека не ја добил вистинската инспирација, која донесе заработка од 486 милиони долари.

7. Роуг 1: Приказна од Војна на Ѕвездите (Rogue One: A Star Wars Story) од 2016

(7)top-8-filmovi-na-dizni-so-najgolema-zarabotuvachka-kafepauza.mk

Иако всушност не постои како дел од оригиналната сага на „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), ниту пак ги содржи главните ликови од оригиналната франшиза, Роуг 1 сепак ги привлече фановите на оваа приказна и заработи вртоглави 532 милиони долари. Овој филм исто така е и најновиот на оваа листа.

Прочитајте ја нашата рецензија тука.

8. Војна на Ѕвездите: Силата се буди (Star Wars: The Force Awakens) од 2015

(8)top-8-filmovi-na-dizni-so-najgolema-zarabotuvachka-kafepauza.mk

Ниту еден филм не е ни блиску до заработката на „Силата се Буди“ која е речиси 1 милијарда. Заработувајќи 937 милиони долари, и возбудувајќи ги долгогодишните фанови на „Војна на Ѕвездите“, овој филм покажува која е вистинската сила на брендот и дека од Дизни не можеле да направат подобра инвестиција.

Нашата рецензија за овој филм може да се најде тука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар