Топ 7 документарни филмови кои мора да ги погледнете - Part 2

Топ 7 документарни филмови кои мора да ги погледнете

5. Црно кафе (Black Coffee)

Канадски документарец, снимен 2007 година, кој зборува за опширната и комплицирана историја на кафето, истакнувајќи го неговото влијание врз економијата, општеството и политиката. Филмот открива како кафето е осма по ред, најпопуларна стока за размена во светот, но и покрај популарноста, само 2 центи од 2 долари профит оди кај одгледувачите.

6. Зошто војуваме? (Why we fight?)

Еден од најдобрите воени документарни филмови. Во 2005 година, режисерот Јуџин Јарецки премиерно го прикажа својот филм за воено-индустриската машинерија и воената пропаганда во Америка за време на Втората светска војна, по што милиони Американци се одлучија да служат во армијата, истата пропаганда која е жива и денес и која е „одговорна“ за војната во Ирак. „Зошто војуваме?“ е првпат прикажан на Санденс Фестивалот, на кој освојува главна награда од жирито.

7. Човековото тело (The Human Body)

Во 1998 година, BBC одлучија да прикажат нешто сосема различно дотогаш. Со помош на одлични презентации и нарации од професорот и доктор Роберт Винстон, мини серијалот го следи развојот на човечкото тело од раѓањето па сè до неговата смрт. Вреди да се погледне!




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар