Сираче (Orphan)

Сираче (Orphan)

Хорор филм за мистиката, непредвидливоста и за еден лош избор

Сираче (Orphan)
Главни ликови: Вира Фармиџа, Питер Сарсгард, Изабел Фурман, Џими Бенет, Арјана Енџенир…

Режисер: Џаума Колет-Сера

Жанр: хорор, мистерија, драма

Времетраење: 123 мин.

Јазик: англиски

Премиера: 24 Јули 2009

Музика: Били Хил, Рик Нилсен…

Веб-сајт: www.orphan-movie.com

Наша оценка: 8/10

————————————————————————————————————————————————————————
Кога ќе ја чуете приказната можеби ќе си речете дека повторно станува збор за клише. Но, „Сираче“ воопшто не е како оние хорори кои се појавија после „Прстенот“, сите во истиот стил. Бидете сигурни дека ќе гледате несекојдневен хорор, кој навистина вреди да се вброи меѓу подобрите во последниве 5 години. Одлична глума и супер возбудлива приказна за комплетно уживање.
————————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Кејт Колман и нејзиниот сопруг Џон, решаваат да посвојат дете откако нивното трето новороденче починува на самото раѓање. Ова се чини како одличен чекор кој ќе и помогне на Кејт да го надмине проблемот со алкохолот кој е последица од несаканата случка.
.

„Мислам дека луѓето секогаш треба да се трудат, лошите работи кои им се случиле во животот да ги претворат во нешто добро.“

Од локалното сиропиталиште, тие ја посвојуваат Естер, 9 годишно девојче со потекло од Русија. Нивната глувонема ќеркичка Макс е возбудена и среќна за новата сестричка, но синот Даниел веднаш почнува да чувствува некакви негативни вибрации од новиот член. Дејствието се развива постепено, но последниот половина час навистина ќе ви го засили чукањето на срцето, или можеби ќе го натера да подзастане од страв.

Кинематографија: Режисерот одлично си ја завршил работата со самото тоа што го одбрал перфектното годишно време во кое се случува дејството. Мрачното и темно небо проследено со снег само ги надополнува морничавите кадри и музиката, па така звукот на каминот и на пијаното на кое Естер ја свири симфонијата „Есен“ (дел од циклусот „Годишни времиња“ од Петар Илич Чајковски), целосно ќе ве наежи..
.

„Мора да е тешко да го сакаш посвоеното дете, како свое.“

Кога и како да го гледате? Ова е премногу очигледно. Секој обожавател на хорор филмовите знае дека овој филм треба да се гледа доцна навечер, за подобро да се осетат ефектите и возбудата да биде поголема. Погоден е да се гледа во друштво, но внимавајте секој да има придружба за враќање накај дома.

Слични филмови: „Прстенот“ (The Ring), „Лош предзнак“ (The Omen), „Децата“ (The Children)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар