Симпатичен краток анимиран филм од Дизни: „Paperman“
Одвреме-навреме ќе се појави краток анимиран филм, кој едноставно ќе ни го наполни срцето со својата шармантност и едноставност. „Paperman“ го има тој квалитет, а воедно и одличен ретро елемент, благодарение на црно-белата анимација.
„Paperman“ е шестминутен анимиран филм на „Walt Disney Animation Studios“ кој е номиниран за Оскар во категоријата Најдобар анимиран краток филм. Режисер на филмот е Џон Карс. „Paperman“ ги спојува традиционалната анимација (цртање со рака) и компјутерската анимација.
Содржина: Филмче за слаткиот сплет на судбината, љубовта на прв поглед и хартиените авиончиња кои служат како љубовни стрели. Целото дејство е фантастично проследено со спектакуларен поглед кон градот. Погледнете за што станува збор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.