Што ги инспирирало најпознатите хорор филмови?
Многу фактори се важни кога станува збор за успехот на некој филм. Овде спаѓаат квалитетот на сценариото, талентот на режисерот и на актерите, кинематографијата, придонесот од другите членови на тимот, мислењето на критичарите… Но понекогаш многу важен фактор е и искуството кое било инспирација за да се направи филмот. Овие хорор филмови се едни од најпознатите и со најголема заработувачка, па погледнете која е инспирација за нив.
10. Ван Хелсинг
Овој филм заработил неверојатни 300 милиони долари. Ловецот на чудовишта Габриел Ван Хелсинг е базиран на ликот Брам Стокер во познатата книга „Дракула“ (Dracula). Други литературни дела кои служеле како инспирација се Франкенштајн (Frankenstein) на Мери Шели, „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“ (The Strange Case of Dr. Jekyll and Mr. Hyde) од Роберт Луис Стивенсон, како и филмот Човекот Волк (The Wolf Man) од 1941 година.
9. Повикување на злото (The Conjuring)
Познатиот филм од 2013 година, кој заработи 317 милиони долари, ја раскажува приказната за семејството Перон кое било измачувано од дух. Според Андреа Перон, една од ќерките во семејството, филмот е базиран на вистински настан, а Ед и Лорејн Ворен кои ги гледаме во филмот навистина постојат. Според изјавата на Андреа, пред тие да живеат во куќата, таа била населена од семејството Арнолд. Во овој период се случиле неколку ужасни настани. Двајца луѓе се обесиле а еден се самоубил со отров. 11-годишната Пруденс Арнолд била силувана и убиена од некој фармер, двајца луѓе се удавиле, а четворица мажи замрзнале до смрт. Секој кој живеел во оваа куќа бил сведок на натприродна активност.
8. Повикување на злото 2 (The Conjuring 2)
Вториот дел од овој филм заработил 230 милиони долари. Повторно ги гледаме Ед и Лорејн Ворен кои одат во Лондон за да истражат натприродна активност во една куќа. Двете ќерки, Маргарет и Џенет Хоџсон, кои имаат 12 и 11 години, веројатно се опседнати од ѓаволот. Вистинското семејство Хоџсон тврди дека слушале некакви гласови во куќата, гледале како лебдат разни предмети и дел од покуќнината и дека чувствувале студ на некои места. Во куќата дошол Морис Грос кој го истражувал натприродното и изјавил дека за време на неговиот престој сведочел на околу 2.000 натприродни инциденти. Иако една од девојките признала дека лажеле за некои настани, сепак тврделе дека 98% од раскажаното е вистина.
7. Седум (Se7en)
Во овој филм ги гледаме детективите Дејвид Мил и Вилијам Сомерест кои се обидуваат да го фатат серискиот убиец чии убиства се поврзани со 7-те смртни гревови. Филмот заработил 327 милиони долари. Иако многумина сметаат дека токму овие гревови се инспирација за филмот, режисерот изјавил дека ја одбил идејата откако ги изгледал филмовите Клут (Klut) и Француската врска (The French Connection), но и додека шетал по улиците на Њујорк. Тој рекол дека секогаш кога го правел тоа се чувствувал несигурно, изгубено во толпата и изгубено на местата кои ги посетувал. Овие места биле неверојатно убави, но истовремено и го плашеле.
6. Ханибал (Hannibal)
Овој филм е продолжение на култниот „Кога јагнињата ќе стивнат“ (Silence of the Lambs). Иако главната инспирација е од книгата „Ханибал“ (Hannibal) на Томас Харис, ликот на Лектор е базиран на мексиканскиот физичар Алфредо Бали Тревино. Авторот имал чест да се запознае со Тревино, за кој мислел дека работи во еден затвор. Но, подоцна открил дека тој не бил вработен таму, туку бил најозлогласениот затвореник. Еден од стражарите му кажал на Харис дека Тревино никогаш нема да излезе од затворот жив.
Продолжува на следната страница…