Серии што можете да ги гледате за време на викендот
Ако сте една од оние личности што обожаваат да ги поминуваат зимските ноќи гледајќи серии, овој список со предлози е идеален за вас. Погледнете ги овие неколку забавни нови наслови што вреди да се погледнат, како и постари наслови што веќе ја освоија публиката.
1. Катерина Велика („Catherine the Great“)
Оваа серија се занимава со политичките и со сексуалните интриги во дворот на една од најмоќните владетелки во историјата. Катерина (Хелен Мирен) имала врховна власт во Русија во 18 век и тоа речиси половина век и таа била решителна, независна, брилијантно интелигентна и сексуално слободна личност – дефиниција за модерна жена. Серијата ја следи Катерина до крајот на нејзиното владеење преку страсната афера со рускиот воен командант, Григориј Потемкин (Џејсон Кларк). Меѓу сите скандали, интриги и конфликти, ова е приказна за опсесивната љубов. Не можејќи да стапат во брак, тие развиле уникатна и блиска врска, поразувајќи ги непријателите и формирајќи ја Русија таква каква што ја знаете денес.
2. Божиќна приказна („A Christmas Carol“)
Серијата е снимена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс и ја претставува добро познатата приказна за огорчениот Ебенезер Скруџ кој ги презира празниците. На Бадник го посетуваат три духови кои ќе му ги покажат минатото, сегашноста и иднината. Главната улога му е доверена на Гај Пирс, а во серијата глуми и Том Харди, кој истовремено е еден од извршните продуценти.
3. „Потомци“ („Legacies“)
Дејството се случува во училиштето за млади и талентирани „Салваторе“ и ја следи следната генерација натприродни суштества додека учат што значи да се биде посебен во свет што некои никогаш не би го разбрале. Тоа е класично училиште за вампири, врколаци и вештерки, така што децата и нивниот сакан директор, Аларик Салцман, остануваат зачудени кога ќе мора да се соочат со чудовиштата и со суштествата за кои слушнале само во митовите и во легендите. Злото кое се крие во воскреснатите, некогаш измислени суштества е страшно поврзано со најновиот ученик во училиштето, Ландон Кирби. Тој ќе ја натера својата прва и единствена љубов, Хоуп Мајклсон, омилената девојка во училиштето, да го жртвува своето место во училиштето и во светот за да го спаси Ландон од страшната судбина. Новата сезона го прикажува светот без Хоуп Мајклсон и хаосот што следува со тоа. Во меѓувреме, Хоуп ќе се обидува да се врати во училиштето, кое за неа претставува дом, како и кај пријателите што ги сака како свое семејство.
4. „Еуфорија“ („Euphoria“)
Контроверзна серија полна со експлицитни содржини во кои е отсликан животот на тинејџерите. Совет за младите родители: Не гледајте ако не сте подготвени да дознаете со што сè можат да се соочат денешните средношколци. Оваа серија дефинитивно ќе ве натера да им се заблагодарите на вашите старомодни и мирни детски и тинејџерски денови. Серијата предизвика бурни реакции во Америка, но сепак, публиката бара уште едизоди, па сценаристите подготвуваат втора сезона.
„Еуфорија“ е драма за растењето што искрено и со емпатија го истражува светот на тинејџерите, нивните забави исполнети со дрога и нивните секојдневни животи исполнети со вознемиреност. Серијата ја следи 17-годишната Ру Бенет (Зендаја), зависничка која неодамна излегла од рехабилитација и се обидува да најде смисла во нејзиниот живот. Нејзиниот живот драматично се менува кога ќе се сретне со Џулс Вон, трансродова девојка која неодамна се преселила во градот, по разводот на нејзините родите. Исто како Ру, и Џулс се обидува да го најде своето место во светот. Дел од општеството на Ру е составено од нејзините соученици кои имаат проблеми со агресијата и тешко се навикнуваат на колеџот по средното училиште, личности со секс-скандали од минатото, тинејџерки што сакаат да ја истражуваат својата сексуалност итн.
Погледнете кои се најгледаните ТВ серии на Нетфликс во изминатиот период.