Пуштени од ланец (Hall Pass)

Пуштени од ланец (Hall Pass)

Филм за тоа како секојдневната животна рутина, особено додека сте во брак или во долга врска, може да направи да заборавите зошто сте воопшто заедно

Пуштени од ланец (Hall Pass)Режија: Боби Фарели, Питер Фарели

Улоги: Овен Вилсон, Џејсон Судеикис, Кристина Апелгејт

Времетраење: 105 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 февруари 2011

Жанр: комедија

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 8,63 од 10)
Loading...

———————————————————————————————————————————————————————
Најверојатно досега сте гледале некоја од комедиите „Глупав и поглупав“, „Има нешто во врска со Мери“ или пак „Плиткиот Хал“. Е па, најновото што ни доаѓа од режисерите и браќа Боби и Питер Фарели е филмот „Пуштени од ланец”. Не дека во овие пеколни денови сме подготвени да преработиме нешто посилно од едноставна комедија која се базира претежно на евтин колеџ хумор, но кој сепак функционира. И не секој ден е добар за на пример, монтипајтоновски политички и интелектулни шеги, но понекогаш мозокот сакаме да си го олабавиме со едноставна приказна. Не очекувајте дека ќе начекате филм како „Глупав и поглупав“ од кој ќе крадете реплики долго време потоа, но сепак филмот е сосема доволен за да го опуштиме мозокот од топлинскиот шок.
———————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Рик (Овен Вилсон) и Фред (Џејсон Судеикис) се во брак, како што на нив им се чини, од секогаш. Тие имаат романтична замисла за животот надвор од брачната заедница и што сè би направиле само да не се врзани за нивните сопруги, Меги (Џена Фишер) и Грејс (Кристина Апелгејт). После серија (несреќни) настани, нивните жени решаваат да им дадат една недела одмор од бракот. Нема никакви обврски, никакви прашања и можат да прават што сакаат и кога сакаат. Тука почнува патешествието и од машка и од женска страна.Пуштени од ланец (Hall Pass)Интересно и интелигентно за овој филм е што е поставен како оние К-15 скечови на кои сите се смееме, а всушност сите сме зафркавани. Иако целата приказна и сите шеги се базираат на комплетни стереотипи за жените и за мажите, сепак, сосема е јасно дека овој филм не бара дополнителни ментални сили. Така, мажите се комплетни кучиња кои се во постојана потрага по секс и никако не можат, а да не се свртат додека убава жена поминува крај нив. Додека пак, жените се слаба верзија на Гестапо генерали кои треба да дисциплинираат, да кажуваат како треба, а како не треба. Но, независно од тоа дали сте феминистка, мачо мен или пак едноставно ви е гајле за тие работи, сепак ќе си се смеете (добро, најверојатно на сосема различни шеги).Пуштени од ланец (Hall Pass)Актерската екипа во „Пуштени од ланец“ е со сериозна комична филмска позадина. Секој се има појавено во повеќе серии и филмови кои биле холивудски хит. Овен Вилсон тука прикажува помирен поморален семеен човек, додека Џејсон Судеикис го портретира поголемото ѓаволче во нивната другарска врска. Сличен е соодносот и во женската врска.Пуштени од ланец (Hall Pass)Кинематографија: Кога правиш филм за луѓе чија примарна преокупација се розовите претстави за самиот живот, јасно е дека тука никој не се соочува со егзистенцијални проблеми или пак сериозни животни прашања. Па и целата кинематографија е таква. Преполна со голф терени, ноќни журки, убави куќи, хотели… Иако не се прикажува некој американски живот на висока нога, сепак тој е сосема доволен за да изгледа убаво. Сè на сè, нема некои големи иновации или пак откачени идејни решенија. Пуштени од ланец (Hall Pass) Кога и како да го гледате: Без сомнежи која било од овие пеколни летни вечери кога ќе решите да останете дома. Ќе ви ги тргне мислите од топлината и ќе ве изрелаксира.Пуштени од ланец (Hall Pass)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар