Правда за сите (Law Abiding Citizen)

Правда за сите (Law Abiding Citizen)

Филм за болката, љубовта кон семејството и одмаздата

Правда за сите (Law Abiding Citizen)Главни ликови:  Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…

Режисер: Феликс Гери Греј

Жанр: трилер, драма, акција

Времетраење: 108 мин.

Јазик: англиски

Премиера: 16 октомври 2009

Музика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…

Веб-сајт: www.lawabidingcitizenfilm.com

Наша оценка: 8/10


___________________________________________________________________________________________  Приказна која покажува што може да направи болката за трагично изгубеното семејство, кога љубовта и омразата се сплотуваат, а неправдата само ги поткрепува. Оригинална приказна, одиграна од актери кои ви овозможуваат максимално да се соживеете со дејството и да погледнете еден одличен филм.
___________________________________________________________________________________________

Приказна: Филмот започнува во домот на Клајд Шелтон, каде што двајца разбојници му ги убиваат жената и малата ќеркичка пред неговите очи. Сепак, судот донесува одлука едниот разбојник да ја одлежи казната, а другиот, кој е всушност убиецот на семејството, во договор со обвинителството е пуштен на слобода, заради недостаток од докази.
.

„Не важно што знаеш. Важно е што можеш да докажеш во судот.“

Сепак, 10 години подоцна Клајд Шелтон, сам, со однапред  испланирани потези, решава да го сруши целиот корумпиран судски систем и да ја задоволи правдата.  Интересното е тоа што, главниот лик истовремено е и позитивецот и негативецот, па ваше е да одлучите како ќе гледате на приказната.
.

„Тешкиот дел не е да ја донесеш одлуката. Тешкиот дел е да живееш со неа.“

Филмот доби негативна критика само за завршетокот, кој што можеби малку би ви бил предвидлив или би ве разочарал, но сепак во целост филмот со сигурност ќе ви се допадне.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Кинематографија: Филмот навистина го доловува ефектот на болката на актерот, искажана преку нездравата и морбидната одмазда врз негативците. Режисерот навистина успеал многу добро да ги замисли сцените, а и да ги спроведе во пракса. Сето тоа е збогатено со одлична музика и добро одбрани локации за снимање, за максимално подигнување на адреналинот.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Кога и како да го гледате: Овој филм го заслужува вашето внимание, па затоа е препорачливо да го гледате со помирно друштво или пак можете и сами.  Обезбедете си освежителен пијалак и дозволете си да погледнете еден несекојдневен филм за време на  викендот.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Слични филмови: „15 минути“ (15 Minutes), „Фрактура“ (Fracture), „Автопат“ (Freeway)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. mmmkkk Reply

    Najdobar film!

  2. Elena Reply

    filmot e ludila!!!!

  3. Almeida Reply

    Нешто предобро… Кој не го гледал, обавезно да си го набави филмов!

  4. Biljana Reply

    10/10 – odlicen, po moznost na kino da se gleda 🙂

  5. Име Reply

    GLEDAN MILJON PATI I SEKOJ PAT SE PODOBAR!!!!

  6. ricci Reply

    Gerard znae da iznenade so nekoi ulogi ovaa definitivno mu e edna od najdobrite

  7. Sanja Reply

    DA, DA ,DA FILMOT E SUPEEER!!! GLEDAJTE GO OBAVEZNO!!! 🙂

Остави коментар