Пол (Paul)

Пол (Paul)

Филм за тоа како понекогаш се покажува дека вечните „чудаци“ всушност биле во право и за средбите од трет вид кои можат да бидат и пријатно животно искуство

Пол (Paul)Режија: Грег Мотола

Улоги: Ник Фрост, Симон Пег, Кристен Виг

Времетраење: 109 минути

Јазик: англиски, клингонски

Премиера: 18 март 2011

Жанр: авантура, комедија, научна фантастика

Веб-сајт

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8,42 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————————————
Имаме пријателски настроен вонземјанин и трка за тој да избега од лошите момци и да се врати дома, на некоја друга планета. Од само една прочитана реченица, сигурно ви наликува дека пишувам за легендарниот филм на Стивен Спилберг E.T., но всушност тука се работи за новото кинематографско парче „Пол“. Да, основата е идентична, но кога наместо деца гледаме двајца „гикови“ и кога сето тоа ќе се измикса со специфичен хумор, сочни пцовки и по некоја разнесена кола, јасно е дека приказните, освен истата стартна точка, немаат ништо заедничко.

Иако замислен како комедија, сепак, не станува збор за луда американска сторија преполна со неверојатни ситуации. Тука хуморот е мирен и повеќе наративен отколку физички. Искрено, можеби нема да ве заболат стомачните од смеење, но ќе минете релаксиран час и половина.
————————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Греам (Симон Пег) и Клајв (Ник Фрост) се Англичани кои доаѓаат во Америка на конференција за научна фантастика и планираат да направат тура низ некои од најпознатите есеф места во земјата. Се чини дека се на повеќе од 30 години, сите мислат дека се геј пар и генерално нивните интереси за возраста на која се, се малку чудни. Тие се возбудуваат кога ќе видат некој писател на научна фантастика, пијат кафе од филџани во облик на вонземска глава и си го тераат својот филм.

Но, овој пат наместо да се сликаат на празни пустини и во ресторани декорирани како големи вселенски бродови, тие се наоѓаат „лице в лице“ со Пол, вонземјанин кој е на Земјата со децении, несебично делејќи ги своите знаења со луѓето. Но, откако станал непотребен за „големиот човек“, неговата судбина е сецирање во истражувачката лабораторија. Тогаш Пол решава да побегне.Пол (Paul)Симон Пег и Ник Фрост веќе се имаат појавено како филмска двојка и во „Shaun of the death“ и „Hot fuzz“. Меѓу нив има убава и мирна енергија, преусилените комични скечови воопшто не се дел од нивниот стил. Уште поголем успех на овие двајца актери е што во најголем дел во сцените партнер им е Пол, кој пак е компјутерски изработен, поради што би можеле да претпоставиме дека играат на празно. А сепак, градат убаво заокружени ликови. Гласот на Пол го позајмува комичарот Сет Роген („Pineapple express“, „Knocked up“) кој е вистински избор за суштество од друга планета на кое секој втор збор му е пцовка.

Интересно е што можеби една од поголемите ѕвезди во филмот, Сигурни Вивер се јавува во последните пет минути од „Пол“, а претходно ја имаме на неколку наврати само како глас. Се чини дека таа во филмот повеќе има титуларна улога и е ангажирана само како своевиден трибјут заради нејзиниот придонес во научно-фантастичните филмови.Пол (Paul)Кинематографија: Вонземјанинот Пол е сосема очекувано компјутерски изработен, а тука се и вселенскиот брод, по некоја експлозија… Сепак, филмот не е правен така што ќе ве здоболи глава од вештачкиот, компјутерски изглед, туку напротив, работеле на реалноста која и е достигната до таму до каде што се можело.Пол (Paul)Кога и како да го гледате: Ако ги немаше сите тие пцовки, ова ќе беше семејно филмче. Сепак, откако го посочивме ова предупредување, имајте на ум дека се користи поостар јазик, па тргнете ги децата. За остатокот би рекле дека имате одврзани раце.Пол (Paul)———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Tole Reply

    Defenitivno najjak film 😀

Остави коментар