Погледнете го трејлерот за новиот божиќен романтичен филм што ќе ги смени празниците засекогаш

Погледнете го трејлерот за новиот божиќен романтичен филм што ќе ги смени празниците засекогаш

Наскоро доаѓа сезоната на ламбички, украси, топли ќебиња, греено вино и топло какао. Ако на сето тоа ги додадете луѓето што ги сакате и неизбежните божиќни класици, ќе добиете празнична атмосфера што со нетрпение ја очекувате секоја година.

Погледнете го трејлерот за новиот божиќен романтичен филм што ќе ги смени празниците засекогаш

Ако навистина ги сакате божиќните празници, сигурно знаете дека тие не можат да поминат без добри празнични филмови. Во многу од нив, љубовта игра голема улога. Иако е најстара од сите, љубовта е тема што навистина не може да пресуши и да стане досадна. Но, на малите екрани, ние ја гледавме љубовта во својата најконвенционална форма – љубов помеѓу маж и жена, додека ЛГБТИК+ карактерите секогаш паѓаа во втор план. Оваа празнична сезона носи голема промена на тоа поле. Новиот божиќен филм раскажува љубовна приказна што се случува помеѓу две жени.

Приказната ја следи Аби (Кристен Стјуарт), која планира да ја запроси својата девојка Харпер (Мекензи Дејвис) пред божиќните празници што тие одлучија да ги поминат со семејството на Харпер. Но, планот на Аби има потполно неочекуван пресврт кога Харпер ја запознава со своите родители и ја претставува како пријателка која ги изгубила родителите и нема со кого да биде за празниците.

Филмот излегува на 25 ноември, а трејлерот, генијалната актерска екипа и романтичната приказна завиткана во божиќна атмосфера ни кажуваат дека ова дело од продукцијата „Хулу“ ќе биде додадено на списокот на омилени романтични божиќни филмови кај многумина. Овој филм е голем чекор за ЛГБТИК+ заедницата, но исто така и огромен чекор за целото општество. Празниците се период на љубов, заемна поддршка и разбирање, па можеби е крајно време да им се даде простор на истополовите парови на малите екрани за време на празниците.

Погледнете ги овие 3 одлични божиќни филмови со кои можете да ја започнете празничната магија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар