Perfect Couples (Совршени парови)

Perfect Couples (Совршени парови)

ТВ серија за 3 сосема различни љубовни двојки кои се обидуваат да опстанат во совршени врски

Perfect Couples (Совршени парови)Главни улоги: Кајл Борнхајмер, Кристин Вудс, Мери Елизабет Елис, Дејвид Валтон, Хејс Мекартур, Оливија Ман

Жанр: комедија

Креатор: Џон Полак, Скот Силвери

Времетраење: 22 минути

Број на сезони: 1 (во тек)

Премиера: 20 декември 2010

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 8,18 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Во врските, сите сме поинакви одошто сме надвор од нив.
Исто така, љубовните парови и различно изгледаат за околината, од она што само тие меѓусебно го делат и знаат. Кавги, сплетки, љубомора, неизвесност, среќа, смеа, забава… сето тоа е дел од секоја врска. Во овие три „совршени“ врски, пак, сето тоа ни е одблизу прикажано, па не потсетува дека она што го имаме е всушност сосема нормално.
————————————————————————————————————————————————–

Создадена од креаторите на „30 Rock“ (Џон Полак) и „Friends“ (Скот Силвери), кога пилот-епизодата се прикажа на телевизиските екрани кон крајот на минатата година, беше разочарување за публиката и основа за остра критика од страна на ТВ-рецензентите. Прости шеги, дејство заостанато во времето, губење половина час од вашето драгоцено слободно време, се само дел од критиките. Сепак, тие станаа малку подобри по емитувањето на втората епизода и се ублажија уште повеќе со констатацијата дека серијата оди кон подобро од епизода во епизода.

Нашата препорака за „Совршени парови“ доаѓа од потребата за релаксација после работниот ден, копнежот по фотелјата кон крајот на денот и желбата да се пронајдеме во едноставното. Хуморот не е премногу застапен, но е далеку од прост. Доколку не очекувате ништо посебно, а не треба, „Совршени парови“, може и да ви го направи денот. Серијата е нова, па засега имате можност да го изведете вашиот „ритуал“ само 7 пати, но, препорачуваме, сепак, да и дадете шанса.

Приказна: Дејството на серијата се одвива околу три двојки кои поминуваат премногу време заедно, и како парови, но и во заедничко друштво. Сите се стремат кон идеални врски, на хумористичен начин надминувајќи ги незгодите кои се дел од нивните живот. „Совршени парови“ ни ги раскажува храбрите животни подвизи на секој од карактерите во потрага по совршенство во врската, без притоа да се уништат меѓусебно во процесот.Perfect Couples (Совршени парови)Венс и Ејми се на прв поглед несекојдневна двојка и ја претставуваат првата екстремна страна на „ненормалното“. Тој е детинест и кул, зависен од својот најдобар пријател, а таа е невротична и зависна од шопинг. Сепак, заедно сочинуваат совршена љубовна двојка, која или прави драми, вадејќи го најлошото еден од друг или е во голема страст, водејќи љубов во спалната соба.  За нив, врската се темели на секс, па веројатно и опстојува поради тоа. Сепак, изгледа дека има и нешто повеќе.Perfect Couples (Совршени парови)Дејв и Џулија се нормална двојка која, на некој начин, претставува баланс и е на средина помеѓу останатите два пара. Тие се луѓе на кои човек може да се потпре. Џулија е зафатена жена, посветена на работата, која се обидува да најде време за Дејв и за нивната врска, притоа обидувајќи се да остане кул и да не бара премногу од својот сопруг. Но, Дејв, често го предизвикува нејзиното трпение, во обидот да балансира во дружењето со неговиот најдобар пријател и бизнис партнер Венс.Perfect Couples (Совршени парови)Третото дуо го сочинуваат Рекс, брат на Џулија, кој во младоста лудо се забавувал, а сега е преобратен во посветен, трпелив и грижлив сопруг и неговата жена Ли, која се поставува како безгрешна и „мајка“ на сите во друштвото. Тие себеси се сметаат за совршена двојка, па затоа често им ги нудат своите експертски знаења за врските на останатите два пара. Тие го живеат својот живот, буквално „според книга“, но изгледа дека и за ваквиот рецепт постои идеален сооднос на вистинските состојки.Perfect Couples (Совршени парови)Покрај врските, серијата ги обработува и родовите прашања. На една страна се мажите, претставени сосема типично: мрзливи, непромислени, сакаат да се глупираат, неорганизирани, со лош вкус, често фантазирајќи за бејзбол. Жените, пак, се способни, итри, некакви модели на успехот. Бракот е прикажан прилично во „old school“ стил, како ништо да не се променило од „The Honeymooners“ (1955).
Perfect Couples (Совршени парови)Perfect Couples (Совршени парови)Кога и како да ја гледате: Комедија може да се гледа секогаш, а оваа е толку лесна што не мора нешто особено да се мислите пред вашата домашна „проекција“ дали да ја пуштите или не. Пред спиење, додека јадете, за викенд, сами, со пријатели, додека другите галамат во дневната соба… можете дури и да пеглате пред телевизорот и сепак да ги фатите сите шеги. Сепак, очигледно е дека најдобро друштво би бил партнерот со кој ќе можете да си разменувате мислења  додека тече дејството. Нешто од типот:
.

– Ете, исто како ти што ми правиш.
– Ееее, како не, кога сум направил нешто вакво?
– ….

Perfect Couples (Совршени парови)Слични серии: Модерна фамилија, Пријатели, Како ја запознав мајка ви, Секогаш е сончево во Филаделфија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар