Овие филмови се идеални за справување со неделната анксиозност

Овие филмови се идеални за справување со неделната анксиозност

Неделата секогаш излегува дека е денот кога најмногу се бориме со некои егзистенцијални проблеми, нели? За нас, овие филмови беа одличен потсетник дека реалниот живот е токму тоа – реален.

Колку пати имате неделна анксиозност во врска со работата што треба да се заврши, светските настани, колку има смисла сè, дали има смисла вашата работа, дали сте добра мајка, ќерка, партнер, другар. Едноставно, ноќна мора во главата што произлегува, пред сè, од неколку очекувања кои во повеќето случаи се целосно нереални. Овие филмови се тука за да нè потсетат дека треба да го сакаме животот со сите свои предности и недостатоци, дека падовите се шанси за подеми и дека различните проблеми што ги доживуваме се реалност на сите нас.

1. American Splendor

Со сите свои недостатоци, главниот лик во овој филм ве носи на авантура во која има комбинација од фикција и реалност. Овој филм е некаде помеѓу комедија, драма и биографија. Забавен и уникатен!

2. Sideways

Ова е филм за двајца пријатели кои тргнуваат на пат низ регионот на вино во Калифорнија, непосредно пред едниот да се ожени. Разочарани од животот и полни со размислувања за тоа што сакале и што сакаат од животот, и што добиле, овие двајца средовечни мажи бараат возбуда и доказ дека сè уште не е доцна за авантури, искри и нешто што повторно ќе направи да се чувствуваат живи.

3. It’s kind of a funny story

Во филмската адаптација на познатиот роман на Нед Визини, фокусот е на тинејџерот Крег, кој е примен во психијатриска болница поради борба со депресија. Преку приказните за другите пациенти, филмот зборува дека секогаш треба да си дадете втора шанса. Кога ви се чини дека се оди кон најлошо, кога секојдневниот живот ве уништува, запомнете што е важно во животот и поставете ги приоритетите повторно.

Погледнете дали навистина добро ги познаваме нашите пријатели? Филм што ќе ве замисли!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар