Оваа нова криминалистичка серија е една од најстрашните што сме ги гледале во последните месеци

Оваа нова криминалистичка серија е една од најстрашните што сме ги гледале во последните месеци

Најновата антологиска серија „Сцена на злосторството“ (Crime Scene) ќе разгледува индивидуален случај во секоја нова сезона, а првиот во редот е „Сцена на злосторството: Исчезнувањето во хотелот Сесил“ (Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel).

Сезоната се занимава со случајот на Елиз Лам која во 2013 година одеднаш исчезна на своето патување во Лос Анџелес. Сосема необјасниво, без трага. Сепак, случајот со нејзиното исчезнување се разгранува во широката историја на целиот хотел Сесил – хотел со турбулентно минато, каде што убиствата, самоубиствата и насилствата се случуваат на неделно ниво. Така, приказната за младата Елиз е испреплетена цело време, чие последно појавување пред камера во лифтот го згрози и го збуни целиот свет. Преку серијата, ги среќаваме полицајците и детективите кои работеа на случајот, гостите кои престојуваа во Сесил во исто време кога Елиса исчезна, новинарите кои го покриваа случајот и луѓето што живееја во близина на хотелот.

Серијата комбинира неколку архивски снимки што се достапни затоа што случајот се случил пред само осум години и сведочењата на оние кои сакале да застанат пред камерите. Исто така, ние сме запознаени со приказната со толкувањето на објавите на Елиз на Тамблр. Неверојатните откритија и пресврти, но и целиот хотел Сесил се доволно морничави што нема да сакате да ги гледате сами.

Прочитајте повеќе и за оваа нова дистописка серија во која човечките вредности не постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар