Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното - Part 3

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното

3. Да се биде човек (Being Human)

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалнотоГлавни улоги: Сем Витвер, Меган Рат, Сем Хантингтон, Кристен Хејгер

Жанр: фантазија, хорор

Премиера: 17 јануари 2011

Број на сезони: 4

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 9

Зарем има нешто подобро од вампир, врколак и дух кои заедно живеат во една куќа и се обидуваат да опстанат во свет преполн со луѓе? Дејството во оваа ТВ серија се одвива околу животот на Ејдан (вампир), Сали (дух) и Џош (врколак) кои преку ден имаат нормална човечка работа од која заработуваат, а преку ноќ се борат за опстанок во својот свет. Станува збор за интересна приказна во која можете сите да се пронајдете.

Оваа ТВ серија се издвојува од останатите од овој жанр поради приказната за пријателството помеѓу 3 лика кои во теорија никогаш не би можеле да делат дом. Тие нашле начин како да поминат преку нивните разлики и со тоа да се приближат еден покрај друг. Нивниот вид не го одобрува нивното пријателство и тоа дополнително го отежнува веќе тешкиот однос кој го имаат. Но, сепак тие во најтешките моменти постојано се еден покрај друг и се грижат колку што можат повеќе за опстанокот на ова необично пријателство.

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар